(Видео) Голем пожар во фабриката Ником во Кавадарци
Вчера вечер од 10:30, голем пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа, Ником ДОО Кавадарци. Пожарот бил локализиран околу 3 часот. На пожарот интервенирале службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен. Дополнително интервенирале и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино. Поради горливиот материјал пожарот бил …
Continue Reading
Подигнати 60 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини
Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 60 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во неколку скопски општини, соопшти Комунална хигиена-Скопје. Активностите се реализираа на улиците Васил Чакаларов и Рузвелтова – во скопската општина Карпош и на булеварот Македонско-косовска бригада, во општината Чаир. Утринава е забележано одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа …
Continue Reading
Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака во општина Илинден
Општина Илинден и ЈКП „Водовод“- Илинден започнаа со изградба на нова линија за фекална канализација во населба Јака, во вкупна должина од околу 300 метри, а со изградбата на фекалната канализација ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината. Со изградбата на оваа линија 95% од населбата ќе биде покриена со фекална канализација. Новата канализациона линија ќе биде …
Continue Reading
Дел од неколку општини во Скопје без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат: – Од 08:00 до 09:00 часот, дел од корисниците од селата Крушопек кон школото(опш. Сарај); -Од 08:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од населба Железара, објектите околу градинката (опш.Гази Баба); – Од 09:30 до 10:00 часот, корисниците од с.Арачиново (опш.Арачиново); – Од 09:30 до 10:00 часот, корисниците од …
Continue Reading
Од утревечер кино на отворено во Кисела Вода
„Кино на отворено“ ќе се одвива овој викенд во општина Кисела Вода. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот Македонија, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец”. Љубителите на филмската уметност овој викенд ќе имаат можност да уживаат со филмовите од македонски автори наградувани на меѓународни реномирани филмски фестивали. Секоја вечер од 21 часот жителите на град Скопје и пошироко …
Continue Reading
Кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, започнува изградбата на скијачки центар, најави Јанчев
Од оваа зима кавадарчани ќе уживаат и во зимските спортови, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. „Општина Кавадарци денес доби голема донација која означува почеток на развој на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации. Денес со одлука на Совет на општина Кавадарци, нашиот убав град прими донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација од …
Continue Reading
Презентирано богатството на традиционалната култура во Кривопаланечко
Кривопаланечкиот крај е познат по својата богата традиционална култура, која претставува важен дел од етнолошкото и културно наследство на регионот, беше истакнато на предавањето „Традиционалната култура во кривоаланечко“ што се одржа во рамки на Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ чиј организатор е НУ Центар за култура, со поддршка на Општина Крива Паланка. Професорите од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, …
Continue Reading
Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци
Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата и на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бујковци. Во рамки на реконструкцијата целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе биде поставено лед осветлување, заштитна ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно …
Continue Reading
Стефковски и Трајановски на терен: Важна е соработката на централната и локалната власт
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски направија посета на регионалниот пат Р-1102 кој транзитира низ населени места во општината. За време на посетата градоначалникот Стефковски и директорот Трајановски направија увид на акцијата за расчистување на вегетацијата покрај патот, кастрење на дрвата и косење на високата трева. “Оваа акција …
Continue Reading