Крушево остана без вода поради дефекти

Поради неколку дефекти на водоводната мрежа водоснабдувањето во град Крушево ќе биде во прекин до решавање на проблемот. „Утрово ни’ се случуваат три дефекти на водоводната мрежа и веднаш започнуваме со работа за да ги надминеме и да се обезбеди вообичаеното водоснабдување“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Continue Reading

ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

Со свечена приредба која се одржа вчера во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник. Пред бројните родители и гости во името на Општина Охрид се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник. – Навистина ми претставува посебно задоволство во ова убаво празнично попладне, кога ја славиме слободата на нашиот Охрид, да бидам дел од оваа неповторлива …

Continue Reading

Положено цвеќе пред спомен-обележјата во Гевгелија; Учениците со дефиле и песни за Гевгелија и Македонија го честитаа денешниот празник 7 Ноември

Одбележувањето на Општинскиот празник-7 Ноември, денеска, започна со прием на гостите- делегации од збратимените и пријателски Општини: Сежана- Словенија, Јабланица- БиХ, Севлиево- Бугарија и Гвозд и Копривнички Ивањец, Хрватска, полагање цвеќе пред спомен-обележјата во Гевгелија и училишно дефиле. Имено, во Општина Гевгелија беа дочекани делегациите од збратимените и пријателски Општини: Сежана- Словенија, Јабланица- БиХ, Севлиево- Бугарија и Гвозд и Копривнички …

Continue Reading

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ОХРИДСКИ ЛЕТОПИС“ ОД ПАВЛЕ МИТРЕСКИ И ДИМИТАР СМИЛЕСКИ

Во рамките на чествувањата на Денот на ослободувањето на Охрид, денес беше промовирана книгата „Охридски летопис“ на авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески. Промотор на книгата беше новинарот и публицист Мишо Китаноски, кој во оваа прилика истакна дека делото на Митрески и Смилески претставува своевидна Охридска енциклопедија, на најзначајните појави, настани и личности од формирањето на Охрид …

Continue Reading

ОХРИД СЕ ПОКЛОНИ ВО ЧЕСТ НА ОСЛОБОДИТЕЛИТЕ

Во рамки на чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид,  делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков се поклони и  положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на  Јасна Ристеска  во с. Рамне каде се одржа панихида  и културен настан на најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ во Спомен …

Continue Reading

Прес конференција на Фондација за култура и спорт Куманово

Директорот на Фондацијата за култура и спорт, Марио Арангеловски, денеска во Општина Куманово, одржа прес – конференција, во врска со Програмата на манифестации за одбележување на Денот на ослободување на град Куманово – “Ноемвриски денови 2024”. На настанот беа презентирани културно – уметнички содржини, кои ќе бидат реализирани во рамки на овогодинешното јубилејно одбележување, 80 години слободно Куманово. На прес …

Continue Reading

Признанија за училиштата од Општина Штип

На 5 ноември во Куманово се одржа јавна дебата на тема „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“ ,како втора фаза од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби “, организиран од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“. Во проектот беа вклучени три општини: Куманово, Тетово и Штип, а беа пријавени вкупно …

Continue Reading

Честитки од градоначалникот Сарамандов за младите каратистки од КК „Армор“ по постигнатиот успех на Интернационалниот турнир во карате

            Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со членовите на Карате клубот „Армор“ од Гевгелија. Приемот на децата- членови на КК „Армор“ е по постигнатиот одличен успех на 2. по ред Интернационален турнир во карате, којшто се одржа минатиот викенд во Дојран.             Имено, Јована и Симона Дичеви заедно со Тијана Гоцкова го освоија златниот медал натпреварувајќи се …

Continue Reading

“ЕУ за чист воздух” – започна првиот циклус од проектот на садење на дрвја во Куманово

Општина Куманово, со поддршка од Европската Унија преку проектот ЕУ за чист воздух, започнува голема акција на садење дрвја како дел од иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот во нашиот град! Денес засадуваме 760 тиси   до 20 декември ќе имаме уште три садења на три важни локации  Парк Соколана, градски парк и кејот на реката Вкупно засадуваме 1,815 висококвалитетни, селектирани и внимателно одбрани локални …

Continue Reading