Во Општина Ѓорче Петров се отвора нов центар за поддршка на учењето на деца со попреченост
На мое големо задоволство, остварив средба со директорката на ОУРЦ ,,Златан Сремец” Марија Делетиќ и одговорниот координатор за образовни асистенти Маја Трајчова, со кои имавме навистина исцрпна дискусија во однос на потребите за поддршка на учениците со попреченост од општинските основни училишта на територија на општина Ѓорче Петров, истакна Стојкоски. На средбата беше договорено од наредната учебна 2024-25 година во …
Continue Reading
Герасимовски: За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар
„За убави маалски дружби“, Општина Центар доби нов сквер како донација од Стопанска банка – АД Скопје. Скверот е пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор“. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди се протега на …
Continue Reading
Стефковски испрати повеќе од 400 ученици од Гази Баба на летен камп
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово ги испрати на училишен летен камп повеќе од 400 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. Оваа година е трета по ред во која се реализира училишниот камп во кој општина Гази Баба учествува со субвенционирање на цената за учество на секој ученик. За испраќањето на учениците во …
Continue Reading
Аеродром викендов пулсираше во Џевахир Мол Скопје
-
новинар
-
June 18, 2024
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
Населба Аеродром изминатиот викенд пулсираше во ритамот на музиката, а Џевахир Мол Скопје повторно беше центар на забавата и дружењето во нашиот главен град. Под мотото „Аеродром пулсира vol.2“, посетителите на новоотворениот трговски центар, на 14 јуни можеа да го проследат завршното годишно шоу на младите тапанари од Studio М на Мартина Баракоска, по што следеше и специјалниот настап во живо на неверојатниот млад …
Continue Reading
Нов асфалт на шест улици во Кисела Јабука во Ѓорче Петров
Во завршна фаза е асфалтирањето на три краци на улица „40“ во Кисела Јабука, а уште три нови се во фаза на подготовка што е во вкупна должина од околу 500 метри, или 1.500 квадратни метри асфалтна површина. Во меѓувреме, Општина Ѓорче Петров во Ново Село заврши асфалтирање и на улица во должина од 50-тина метри, и плус три со …
Continue Reading
Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви, е незапамтено во општината, велат од Карпош
Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. „Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош. Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на …
Continue Reading
Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст
Општина Центар известува дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Денеска Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието. „Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите …
Continue Reading
Од четврток Фестивал на инклузија во општина Кисела Вода
Од 20 јуни 2024 година (четврток) од 20:00 часот, во Паркот Македонија, започнува третото издание на Фестивалот на инклузија кој го организираат здруженијата Икуалити и Визија Плус со поддршка од Општина Кисела Вода. И оваа година фестивалот ветува богата содржина, интегративни и инклузивни работилници за деца и млади, активности за сите генерации, како и многу забава низ богата музичка програма, …
Continue Reading
Најдобрите ученици на државните натпревари од Илинден на прием кај градоначалникот Алекдандар Георгиевски
И оваа година Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием на учениците од основните и средното училиште од општината кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати. Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека прекрасно е чувството што има голем број наградени ученици од Илинден. Тој додаде …
Continue Reading