Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“
Џулијан Рахлин, еден од водечките светски виолинисти на денешницата заедно со Македонската филхармонија вечерва од 21 часот на Античкиот театар свечено ќе го отвори 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Рахлин е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, шеф диригент на симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин диригент на филхармонискиот оркестар во Турку. Повеќе од три децении, неговата …
Continue Reading
Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало: Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет
Во текот на изминатата ноќ, Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со Началникот на СВР Сашо Топаловски и Директорот на ПОЦ Душко Коцевски, спроведоа заедничка акција на терен со цел подобрување на безбедноста и јавниот ред и мир. Акцијата се спроведе на најфрекветните делови во Дебар Маало и Капиштец. Посебно внимание се посвети на зголемување на безбедноста, сообраќајниот метеж, …
Continue Reading
Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност
Синоќа полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата. „Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските …
Continue Reading
Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска прекин на електричната енергија ќе имаат следните корисници: Во период од 09.40ч до 14.30ч ул. Атинска, ул. Борка Талевски и ул. Рузвелтова-спроти Треска општина Карпош; Од 09,00ч до 14,00ч дел од корисниците на с. Волково кон патот до црквата општина Ѓорче Петров.
Continue Reading
Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта
Од раните утрински часови хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот кој изби вчера во реонот на планината Серта. Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тона вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа. „Доколку има потреба хеликоптерот ќе продолжи …
Continue Reading
Општина Карпош ја промовираше услугата за посебен превоз на стари лица и лица со попреченост
Согласно Програмата на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје кон средината на месец мај годинава, започна со реализација на услугата за посебен превоз на стари, болни и лица со попреченост над 18 години. Станува збор за меѓуинституционална соработка која треба да им го олесни секојдневниот живот на оваа ранлива …
Continue Reading
Посебен сообраќаен режим за отворањето на Охридско лето
Со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето“, СВР Охрид денеска и утре, ќе преземе посебни безбедносни мерки. Во делот на сообраќајот, на кејот „Македонија“ и улиците „Абас Емин“, „Гоце Делчев“ „Кирил и Методиј“, како и кај паркинг просторот кај „Горна Порта“, ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила. …
Continue Reading
(Видео) Герасимовски: Снимките од граѓаните го покажуваат дивеењето во Капиштец
Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското игралиште во Капиштец. Градоначалникот …
Continue Reading
Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино
Општина Илинден интензивно работи со поврзување на домаќинствата кон Колекторскиот систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино, кој е во вкупна должина од 5000 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Илинден, кон десниот крак од колекторот што ги опфаќа фекалните цевки кои се наоѓаат во профилот на отворениот одводен канал. На овој …
Continue Reading