Во гасењето на пожарот во Велес помагаа пожарникарите од Крива Паланка
На барање на градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков, Општина Крива Паланка и Територијалната противпожарна единица Крива Паланка испратија тим од едно противпожарно возило и тројца пожарникари за поддршка во справувањето со пожарот на територијата на село Подлес, Градско. „Секогаш сме тука за помош, во рамки на нашите можности и капацитети. Гасењето на пожарот во Подлес се одвиваше во тешки …
Continue Reading
Мицкоски: Започнуваме со изградба на нова детска градинка во Гази Баба во која ќе бидат згрижени над 60 дечиња
Премиерот Христијан Мицкоски присуствува на поставување на камен темелник за изградба на комплетно нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба. „Листите на чекање преставуваат сериозен проблем и на овој начин преку изградба на вакви објекти ние го правиме првиот чекор за решавање на проблемот. 19 милиони денари ќе се инвестираат за градба на оваа градинка која …
Continue Reading
Во тепачка на деца се вклучиле и возрасни, ОЈО Струга поднесе обвинение за пет лица
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Настанот се случил на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата “Партизанска”, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка. Се вклучиле родители на двете деца и други роднини …
Continue Reading
Вендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга
Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“ Во рамки на платформата “Наша Гордост. Наша одговорност.”, култниот македонски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО, ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад. Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на …
Continue Reading
(Видео) Пороен дожд, грмотевици и град попладнево во Охрид, Свети Николе и Струмица
Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, извести Центарот за управување со кризи. Пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица. Невреме и вчера зафати делови од Охрид. „Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје започнува да …
Continue Reading
Нормализирана состојбата во Аеродром по вчерашното невреме, сите семафори се вратени во функција
Кризниот штаб на Општина Аеродром е во постојано заседавање, а утрово одржа и итен состанок по вчерашното невреме кое нанесе материјална штета, а голем дел од аеродромци останаа и без електрична енергија поради паднат далновод на ЕВН. Во моментов дефектот е саниран и напојувањето со електрична енергија е нормализирано на целата територија на Аеродром. На денешниот состанок беше донесена одлука …
Continue Reading
(Видео) Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“ во Велес
Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка во Велес, објави Центарот за управување со кризи. -Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин – рече директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Continue Reading
Општина Ѓорче Петров со засилени мерки за заштита на населението при временски непогоди
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска оствари средба со командирот на полициската станица во Ѓорче Петров, Златко Цветковиќ на која се разговараше за засилување на мерки за навремено справување со евентуални временски непогоди, пожари или поплави. На средбата, командирот Цветковиќ го информираше Стојкоски дека полицијата во Ѓорче Петров е подготвена да ја засили безбедноста и да излезе во …
Continue Reading
IQOS мобилната зона е во Охрид
Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата привремена локација на IQOS мобилна зона, која е поставена во Охрид, на кејот Македонија во близина на пристаништето. Работното време на мобилната зона е од понеделник до недела, од 10 до 22 часот. На оваа …
Continue Reading