Три дена дел од штипските населби останаа без вода за пиење

Проблеми при изведувањето на дел од главната водоводна линија причина што делови од населбите Пребег, Железничка, Три Чешми, Исар, Ново Село и Осми Ноември, а особено оние донаќинстава кои се во високите зони веќе три дена континуирано немаат вода за пиење, информираше на вонредна прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој додава дека заради проблемите кои се настанати со …

Continue Reading

Во последното деноноќие имало вкупно 23 пожари на отворено, 19 се изгаснати, а три се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто три се уште се активни, еден е под контрола, а 19 се изгаснати. За гаснење на пожар во атарот на село Тажево – повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод се дејствуваше во текот на вчерашниот ден на неколку преостанати краци …

Continue Reading

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати се 13, два се уште се активни и еден е под контрола, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари на отворено се кај село Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитеното повеќенаменско подрачје Јасен од посебно значење за државата, во правец кон месноста …

Continue Reading

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе …

Continue Reading

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

– Samsung со особено задоволство го најавува настанот Galaxy AI Café, уникатно искуство кое пристига на атрактивната плажа Куба Либре во Охрид. Овој пионерски настан, кој ќе се одржува од 27 јули до 25 август, е воедно првиот од ваков вид на настани во Македонија, и ги поканува сите тек-ентузијасти и љубопитни умови да ги истражат најмодерните можности на најновите …

Continue Reading

Градежните работи на експресниот пат Градско – Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново

Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско -Прилеп. Застојот од неработењето од година и половина е надминат и до крај на годината граѓаните ќе можат да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба …

Continue Reading

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог..

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на соседната општина, Петровец. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека околу 30.000 жители ќе имаат можност во оваа амбуланта да добиваат здравствени услуги. „Би почнале со општи доктори, општа медицина и во меѓувреме ќе видиме уште отсега ако можеме да …

Continue Reading

Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“

Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ. На централната манифестација која се одржа во комплексот на Домот на култура ,,Илинден”  пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој во своето поздравно обраќање им го честита празникот на сите жители од …

Continue Reading

​ Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотресот во Скопје

Делегација од Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес положи свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје во 1963 година, на гробиштата во Бутел. – Секој 26 јули, стоиме заедно, со мисли и срца полни со почит и незаборав кон оние кои ги загубивме во катастрофалниот земјотрес што го погоди нашиот главен град пред точно 61 …

Continue Reading