ЗАПОЧНА 15 МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА
Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна Конференција на Друштвото на физичари на Македонија. Во името на градот домаќин, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска. – Во името на градот домаќин и во свое лично име, Ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна и продуктивна работа. Уверена сум дека преку презентациите на научните согледувања и …
Continue Reading
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
Над 7.500 ученици од сите основни училишта и оваа година добиваат бесплатни училишни униформи составени од две блузи, две маички и дуксер. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром. Дејан Митески денеска присуствуваше на доделувањето на униформите во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром, каде што дечињата со радост ја добија својата нова училишна облека. Целта на овој проект е …
Continue Reading
Стефковски: Градиме нов паркинг во Автокоманда
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше на терен во Автокоманда каде што направи увид на градежните активности за изградба на нов паркинг простор на улица Габреш. За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Градиме нов паркинг простор на улица Габреш во Автокоманда. Утрово направивме увид на градежните активности за изградба …
Continue Reading
Претставници од Општина Куманово на празничен прием во Никшиќ
Збратимената Општина Никшиќ од Црна Гора, со пригодни активности го одбележа своето постоење. По тој повод делегација од Општина Куманово, составена од членови на Советот на Општината, Саша Николиќ и Дејан Ивановски, присуствуваа на свечена седница и на кутурно – уметнички настан, организиран на плоштадот во Никшиќ. На оваа средба беше потенцирана досегашната успешна размена на искуства и беа разгледани …
Continue Reading
Маж од Кочанско почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска
78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на Западно-нилска треска, извести Институтот за јавно здравје. Според податоците на ИЈЗ тој е четврт случај годинава и е пријавен на 12 септември. „Од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни болести беше информиран за случај …
Continue Reading
Општина Центар распиша оглас за доделување стипендии за талентирани ученици од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини
Општина Центар распиша оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици од сите осум основни училишта од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини. Заинтересираните ученици кои сакаат да аплицираат за дадените огласи ќе може да поднесат документи само на еден оглас од областа на култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку ученикот поднесе документи во …
Continue Reading
“Регионална соработка за подобра социјална инклузија” – проект
Втора етапа од проектот за размена на искуства – воспоставување на услуги на грижа во заедницата со родово – чувствителна димензија, беше реализирана денеска во Општина Куманово, во зградата на поранешни општествено – политички организации. Во проектот се опфатени повеќе општини од регионот, Куманово, Свети Николе, Кочани, Валандово, Делчево и Прилеп. Учесниците на едукативниот настан претставија концепти за воспоставување на …
Continue Reading
Започна реализација на проектот улично осветлување на одредени локации во Општина Куманово
Со денешното примопредавање на опремата за инсталација на соларните светла на одредените локации во Општина Куманово, започнаа активностите во рамка на проектот – Донација за улично осветлување. Договорот беше потпишан помеѓу Општина Куманово и Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико од Скопје. За реализација и монтажа е ангажирана фирмата ИЦС Системи, јавен приватен партнер на Општината, чија …
Continue Reading
Герасимовски: Личните асистенти се веќе во училиштата, продолжуваме со инклузивниот пристап
Општина Центар обезбеди лични асистенти за 23 ученика со посебни образовни потреби, со што во целост им одговори на барањата на основните општински училишта за овој вид инклузивна поддршка. Од општинските служби најавуваат дека по адаптацијата на првачињата, можно е да се јави потреба од зголемување на бројката на лични асистенти за што локалната самоуправа има обезбедено средства во буџетот. …
Continue Reading