Од вечерва до сабота ќе се прска против возрасни форми на комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, …

Continue Reading

Герасимовски: Живите статуи повторно во Центар, десет години „Статуафест – Другото лице на улицата“

Општина Центар најавува нов перформанс на Театроск „Статуафест – Другото лице на улицата“. Фестивалот годинава го слави своето десетто, јубилејно издание. Ќе се одржи на улицата „Македонија“ и на плоштадот „Македонија“ на 17, 18 и 19 септември, со почеток во 18.30 часот. „Театроск е долгогодишен партнер на културната сцена на нашата општина. Години наназад, проектот „Центарски улици“ со своите живи …

Continue Reading

ГРОМ за новата кривична против Јакимовски: Зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми?

ГРОМ најостро ја осудува денешната нова кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски. „Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции. Јавноста не е наивна. Граѓаните гледаат што се случува и со право …

Continue Reading

Регистриран земјотрес во Македонија: епицентарот во подрачјето Делчево-Берово

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 29 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, на околу 122 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7. Земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката, особено во Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени …

Continue Reading

Кривични пријави против Стевчо Јакимовски и две вработени во Општина Карпош

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски за „несовесно работење во службата“. Кривични пријави се поднесени и против раководителка и вработена во Секторот за урбанизам во Општина Карпош за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Како што соопшти МВР, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со …

Continue Reading

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар

Општина Центар спроведе координирана акција за темелно чистење на јавниот простор спроти објектот на „Нова Македонија“, познат меѓу скопјани како Парк на новинарите. Акцијата ја спроведоа општинските инспекциски служби, во координација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Полициската станица – Центар. На локацијата години наназад се населуваат бездомни лица со импровизирани шатори, се трупа смет и ѓубре, а …

Continue Reading

„Постапено е по протокол“ – ГАК ги отфрла обвинувањата на пациентката од Охрид

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) ги отфрли обвинувањата изнесени во јавноста од страна на пациентка од Охрид, соопштувајќи дека случајот бил разгледан од Комисијата за квалитет и било констатирано дека било постапено согласно протокол. Од Клиниката наведуваат дека постојат и пишани докази за постапувањето со пациентката, вклучувајќи ги извршените прегледи и дадената терапија. „И покрај сета пружена грижа, …

Continue Reading

ЗНАМ: Водно интензивно неколку децении е пошумувано, ​сега, за интересите и апетитите на неколкумина, треба да се уништи она што со генерации се правеше и одржуваше

Водно беше гола планина. Во минатото се случувало голема маса на вода и земја да се спуштаат низ падините и стигнувале до околните населби нанесувајќи материјална штета и доведувајќи ги во опасност животите на граѓаните, велат од ЗНАМ. Од партиката потсетуваат дека ​со цел да се заштити градот и жителите од ерозија, Водно интензивно неколку децении е пошумувано. ​Сега, како …

Continue Reading

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

СВР Охрид известува дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување …

Continue Reading