„Марш за ангелите“ – во Кочани утре нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Седмиот „Марш за ангелите“ за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи утре во Кочани. Маршот на кои семејствата повторно ќе побараат неселективна правда ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството …

Continue Reading

СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ ОСНОВЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ОХРИД

Како дел од свечената програма за чествување на  24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари. Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков. – Поради името …

Continue Reading

Семејствата на жртвите во „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Од Обвинителството велат дека преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто така, ќе можат и директно да …

Continue Reading

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега се собрани 156.542.967 денари или околу 2,5 милиони евра. Од Црвениот крст велат дека заклучно со денес, во неколку наврати извршиле исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. „Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите …

Continue Reading

Дводневен „Етно панаѓур“- 26 и 27 мај

На 26 и 27 мај 2025 година, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, организира уникатен културен настан „Етно панаѓур“. Холот на Пионерскиот дом ќе биде трансформиран во автентичен изложбен салон, каде што посетителите ќе можат да уживаат во богатата поставка, но и да си купат рачно изработени грнчарски …

Continue Reading

(Видео) „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе се урне и на нејзино место ќе се изгради целосно нов и модерно уреден објект со поголем капацитет, најави денеска градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски. – Општина Карпош изработи комплетен проект со сите фази, за уривање на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, а изградба на нова градинка која ќе биде поголема …

Continue Reading

ЦРВЕН КАРТОН ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

„Борбата против врсничкото насилство  и агресивното однесување меѓу најмладите мора да биде поефикасна. Таа  мора да почнува од секој родител, дом и од секоја општествено одговорна асоцијација, институција или здружение“, ова беше заклучено на дебатата „Црвен картон за врсничкото насилство“ што ја организира Интернационалната полициска асоцијација- ИПА Охрид со поддршка на Локалната Власт. Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо …

Continue Reading

На 26 мај, Годишен концерт на детските групи на Ансамбл „Бојмија“

На 26 мај 2025 година, во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на традиционалната музика и фолклорот ќе имаат можност да уживаат во уште еден значаен културен настан- Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Овој пат, сцената на Народниот театар- Гевгелија ќе им припадне на најмладите членови на Ансамблот, детските групи до 15-годишна возраст, …

Continue Reading

Свечено одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“

Со богата и разновидна културно-уметничка програма под наслов „Ние, јазикот и уметноста“, ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, на 21 мај 2025 година, свечено го одбележа својот Патронен празник. Настанот се одржа во Народниот театар во Гевгелија, каде што меѓу присутните гости имаше многубројни ученици, родители, наставници, како и претставници од локалната власт, вклучувајќи го и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон …

Continue Reading