Општина Кисела Вода: Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во почетните градежни активности на првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС. Овој значаен инфраструктурен зафат, информираат од општината, се реализира со средства обезбедени преку Унгарскиот кредит (Проекти фаза 2) од Владата на Република Македонија, а се изведува преку договор со Министерството за транспорт. …
Continue Reading
Општина Аеродром: Се одбележува Европската недела на спортот
Општина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие. Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, во кои заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“ се дружеа, спортуваа и испратија силна порака за …
Continue Reading
Втора едукативна трибина за женското здравје овој петок во Општина Кисела Вода
Утре, петок, 25 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода ќе се одржи втората едукативна трибина во рамките на кампањата „Розев Октомври“. Настанот, кој се реализира во соработка со Здружението „Хема-Онко“, е целосно посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта е преку стручни совети и реални искуства да …
Continue Reading
Општина Центар распиша јавен повик зa „Обука за финансиска писменост на жените“
Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“. На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување и се на возраст од 20 до 50 години. „Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на …
Continue Reading
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: ◦ дел од улицата Костурска, од 07.50-09.50 часот, општина Бутел; ◦ Дел од главната улица кај маркет Ер Грос и Јони Хоме Центер од 08.30-14.00 часот, општина Сарај; ◦ Поради зафат на електродистрибутивната мрежа без напојување ќе бидат улиците Емил Зола и Мишко Михајловски од 09.00-14.30 часот, општина …
Continue Reading
Нова калистеника-зона се уредува во Лисиче
Општина Аеродром интензивно работи на поставување нови калистеника-зони со современа опрема за вежбање, со што се создаваат уште повеќе можности за спорт, рекреација и активен начин на живот. Градоначалникот Дејан Митески денеска изврши увид на локацијата на улица „Тодор Чангов“ во Лисиче, каде што се уредува нова зона за калистеника во рамките на комплексот со спортски терен, детско катче и …
Continue Reading
Општина Кисела Вода: Со средбата во „11 Октомври-Згради“ започна новиот циклус посети на месните заедници
Со средбата што се одржа вчера вечер, во просториите на урбаната заедница „11 Октомври-Згради“, официјално започна циклусот посети на месните и урбаните заедници во Општина Кисела Вода, од страна на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и општинскиот тим. На овој прв собир, во конструктивна и отворена атмосфера, жителите имаа можност директно да разговараат со градоначалничката и со раководителите и претставниците на …
Continue Reading
Општина Карпош: Целта е поддршката на лицата со попреченост да не биде повремена, туку континуирана, организирана и насочена кон решенија
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари средба со претседателот на Здружението „РАСТ“, Александар Петровски, и претседателката на Здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески, на која се разговараше за секојдневните потреби на лицата со попреченост и нивните семејства. „Меѓу конкретните иницијативи беа можноста за обезбедување заеднички простор за работа на три здруженија, возило за превоз на деца од дневниот центар …
Continue Reading
Фестивалот „Гола месечина“ во паркот „Авионче“ од 25 до 27 септември
Фестивалот „Гола месечина“ од 25 до 27 септември ќе го исполни паркот „Авионче“ во Ново Лисиче, со музика, стендап-комедија, кабаре, детска програма и содржини за сите генерации, извести Општина Аеродром. „Како Општина Аеродром, горди сме што ја поддржуваме оваа културна манифестација и што заедно создаваме настан што ги зближува граѓаните и носи нова енергија во нашиот Аеродром. Три вечери, богата …
Continue Reading