Над 10 милиони денари за пензионерите за три години, извести Герасимовски

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот, извести општина Центар. „Како општина, активно се грижиме за нашите највозрасни сограѓани преку реализирање на различни проекти. Еден од тие проекти е и доделувањето еднократна парична …

Continue Reading

Улица во Гази Баба денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека: – денеска поради промена на затворач од водоводна мрежа на ул. Јани Лукровски бр 10, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица. (Општина Гази Баба)

Continue Reading

Врсничкото насилство тема на утрешната работилница на „Макпетрол“ со родителите од Ѓорче Петров

Десеттата работилница за родители во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе се одржи утре (3 март) во Ѓорче Петров. Едукативната средба, што е дел од „Крени глас против врсничко насилство“, ќе се одвива во Домот на културата на општината, а нејзиниот почеток е закажан за 18 часот. Различните форми на булинг, како тие да се препознаат и начините …

Continue Reading

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие, вечерва во 18:30 часот ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот …

Continue Reading

На 6 март, средба за претставување на Програмата за наводнување – Ситем Конско

Единицата за имплементација на Програмата- ЕИП ги известува граѓаните дека на 6 март 2025 година (четврток), во Народниот театар- Гевгелија ќе се одржи средба на тема: „Претставување на Програмата за наводнување- Систем Конско, геодетско снимање, животна средина и социјални аспекти“. Средбата ќе започне во 19:00 часот. Се покануваат сите сопственици или корисници на земјоделско земјиште од атарот на Гевгелија, Моин …

Continue Reading

150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КИРИЛ ПРЛИЧЕВ

Со свечен настан  што се одржа во спомен куќата на Христо Узунов,  денес Општина Охрид  ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на Кирил, синот на Григор Прличев,  познат македонски револуционер, публицист, новинар,  идеолог и учител.  Во рамки на случувањето пред присутните се обрати  Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. – Денес гордо се  поклонуваме по  повод 150 години …

Continue Reading

Покана за консултативни состаноци со граѓаните од општина Штип, месните заедници, членови од локалната заедница

⇓ Покана за консултативни состаноци со граѓаните од општина штип, месните заедници, членови од локалната заедница

Continue Reading

СЕ ОДРЖА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Со дваесет и пет точки и пет кои дополнително беа ставени на дневниот ред, денес советниците ја одржаа педесет и третата седница на градскиот совет. Советниците без поголеми дискусии ги усвоија сите точки од дневниот ред, кои во најголем дел беа за избор на нови членови во училишните одбори. Дел од усвоените одлуки се однесуваа на работата на општинската администрација …

Continue Reading