Заеднички против врсничкото насилство: oзначен почетокот на практичната работа со учениците во Драчево во рамки на „Star for Life“
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваше во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево, каде започнува практичната работа со учениците во рамки на проектот „Star for Life“. Откако претходно беше потпишан трипартитен меморандум за соработка помеѓу Општината, училиштето и Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) – Подружница Македонија, и се реализираа обуките за наставниците, сега фокусотнсе префрла на …
Continue Reading
(Фото) Општина Карпош: Учениците од „Војдан Чернодрински“ нижат успеси и награди
Талентот, трудот и посветеноста на учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“ повторно носат одлични резултати, велат од Општина Карпош. „Павел Шаламаноски, ученик во III-а одделение, ја освои првата награда на Меѓународната поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“, со песната „Моја Македонија“. Честитки и за неговата менторка, наставничката Светлана Софијаноска, која доби пофалница за својот уметнички придонес. Михаил Псалтиров, ученик во VII-б одделение, …
Continue Reading
Левица ја напушти работната група за менување на имињата на улиците во Тетово
Локалниот огранок на Левица – Тетово донесе ја напушти работната група за преименување и именување на улици во Општина Тетово. Претставникот на Левица, Никола Тодороски се повлече од ова тело. „Од длабоки патриотски причини, од почит кон предците кои ги дадоа своите животи за слободно и македонско Тетово, Левица одбива да даде легитимитет на ова историско предавство. Не сакаме да …
Continue Reading
Без струја денеска делови од неколку скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 07.55 до 10.05 часот корисниците од улиците Авраам Писевски, Ордан Чопела, Челопек, БИС 159, Петре Ѓеоргиев и дел од Менделиева. (општина Гази Баба) · во периодот од 08.00 до 14.30 часот корисниците УЛ.12 – та Македонска Бригада. Ул,Аварова, Кресна, Митре Влаот , Димитар Македонски …
Continue Reading
Без вода денеска делови од општините Чаир и Гази Баба
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-150 мм на улицата Цветан Димов бб (кај Хатунџук џамија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Фан Ноли, Чаирска, Јајце, Челопек, Аврам Писевски, Зеф Љуш Марку, Бајрам Шабани и ул.157, општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Исто така …
Continue Reading
(Видео) Стефковски ѝ се закани на советничка од Левица со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“велат од оваа партија
Градоначалникот Бобан Стефковски, денес, на седница на Советот на Гази Баба, и се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска, со зборовите „Пази што зборуваш, да не ти се десат Оки и Жила“, реагираат од Левица. „Оваа закана, која патем беше два пати упатена, недвосмислено наведува на ликвидација, односно она што им се случи на Оки и Жила. Заканата беше …
Continue Reading
„Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“ избран за македонски претставник на Венециското биенале на архитектура 2027
Проектот „Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“, на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата „Континео“ од Скопје, ќе ја претставува Македонија на 20. Интернационална изложба на архитектура во Венеција во 2027 година, во организација на „La Biennale di Venezia“. Проектот е дело на авторите: Владимир Десков, д-р Ана Ивановска Дескова, д-р Јован Ивановски, …
Continue Reading
Вежба за евакуација при земјотрес и пожар утре во Охрид
Утре, 1 октомври, во 12:30 часот, во компанијата „Костал“ во Охрид ќе се одржи показна вежба за евакуација во услови на земјотрес и пожар. Вежбата е од превентивен карактер и има за цел подобра координација и поефикасно заедничко делување на тимовите од надлежните служби при брза реакција во случај на земјотреси и пожари, како и намалување на негативните последици од …
Continue Reading
Бесплатна психосоцијална поддршка за млади во ризик од употреба на дроги во Центар
Општина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства. Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување …
Continue Reading