На 6 март, средба за претставување на Програмата за наводнување – Ситем Конско

Единицата за имплементација на Програмата- ЕИП ги известува граѓаните дека на 6 март 2025 година (четврток), во Народниот театар- Гевгелија ќе се одржи средба на тема: „Претставување на Програмата за наводнување- Систем Конско, геодетско снимање, животна средина и социјални аспекти“. Средбата ќе започне во 19:00 часот. Се покануваат сите сопственици или корисници на земјоделско земјиште од атарот на Гевгелија, Моин …

Continue Reading

150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КИРИЛ ПРЛИЧЕВ

Со свечен настан  што се одржа во спомен куќата на Христо Узунов,  денес Општина Охрид  ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на Кирил, синот на Григор Прличев,  познат македонски револуционер, публицист, новинар,  идеолог и учител.  Во рамки на случувањето пред присутните се обрати  Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. – Денес гордо се  поклонуваме по  повод 150 години …

Continue Reading

Покана за консултативни состаноци со граѓаните од општина Штип, месните заедници, членови од локалната заедница

⇓ Покана за консултативни состаноци со граѓаните од општина штип, месните заедници, членови од локалната заедница

Continue Reading

СЕ ОДРЖА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Со дваесет и пет точки и пет кои дополнително беа ставени на дневниот ред, денес советниците ја одржаа педесет и третата седница на градскиот совет. Советниците без поголеми дискусии ги усвоија сите точки од дневниот ред, кои во најголем дел беа за избор на нови членови во училишните одбори. Дел од усвоените одлуки се однесуваа на работата на општинската администрација …

Continue Reading

Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на клучни улици

Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на коловозите на улиците Никола Вукмировиќ и Вера Циривири Трена, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри и должина од 650 метри. Овие две централни сообраќајни артерии ќе бидат опремени со нов, квалитетен асфалт, што ќе го подобри безбедносното и удобното движење на граѓаните, информираат од општината. Проектот, чија вредност изнесува приближно 35.000.000 …

Continue Reading

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и туризам. „Пред точно една недела добивме ветување од министерот Зоран Љутков дека конкурсот за избор на директор на Македонската филхармонија ќе биде спроведен законски и дека ќе биде избран најдобриот кандитатот кој ги исполнува сите услови пропишани со Законот за …

Continue Reading

Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир. „Активностите се одвиваа на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ како и на улицата Лазар Трповски“, извести Комунална хигиена-Скопје. „Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален …

Continue Reading

Започна пролетната дератизација во Карпош

Во тек е редовната пролетна дератизација на околу 5.000 шахти на територија на општина Карпош. Како дел од рутинските активности за одржување на јавната хигиена претходно, со процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација беа опфатени сите основни училишта и детски градинки. Локалната самоуправа ја презема оваа активност секоја година на пролет и есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, …

Continue Reading