Герасимовски: Независноста е аманет од нашите предци, должност е да ја чуваме и развиваме Македонија
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски упати честитка до сите граѓани по повод 34 години од прогласувањето на незавноста на Македонија. „На денешен ден, 8 Септември, со гордост се потсетуваме на историската одлука на нашиот народ, да зачекори на патот на слободата и самостојноста, да ја зацврсти својата државност и да ја испише најсветлата страница во современата историја на Македонија. …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија
Со силно темпо и динамика, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија, за пофункционален и поврзан град, наведува на социјалната мрежа „Фејсбук“, кандидатот за градоначалник на градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. – И денес, недела, на терен со дел од мојот тим. Направивме увид на уште неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од …
Continue Reading
Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката
Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков. Тој посочува дека овие информации ги има добиени од ЈЗУ Здравствен дом Виница, а повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката. -Според информациите од Здравствен дом Виница помош побарале 16 лица, дел од повредените се пренесени во Здравствен дом …
Continue Reading
Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот
Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по производите од брендот „Винчини“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. При неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. „При …
Continue Reading
По големиот пожар во фабриката „Винчини“ на помош се вклучува и Стопанската комора
Стопанската комора соопшти дека вчера активно се вклучила во напорите за гасењето на пожарот во фабриката Макпрогрес во Виница, била алармирана и Владата. Од комората најавија формирање кризен штаб со сопственикот на фабриката со цел целосно нормализирање на состојбите, изразувајќи при тоа жалење за претрпената штета на компанијата, нивна членка. -Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески …
Continue Reading
Земјотрес регистриран во Кичево, Охрид и околината
Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7.. Според досегашните податоци со кои располага …
Continue Reading
Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола
Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните, а во обид да се одглават, нивните чизми останале заглавени и згазнале во стопената смеса. Пожарот е ставен под целосна контрола. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти …
Continue Reading
Уште колку ќе молчите за трагедијата во „Пулс“, прашаа блиските на жртвите
Родителите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска по 21 пат излегоа на улиците на Кочани, барајќи правда и побрза реакција од институциите. Протестниот „Марш за ангелите“ повторно ја помина добро познатата траса – од „Паркот на револуцијата“, покрај Трговскиот центар, Општината, Управата за јавни приходи и полициската станица, сè до Основниот суд и Обвинителството. Од …
Continue Reading
(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови
Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони. Инцидентот бил пријавен денеска околу 18:40 часот во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112. Огнот избувнал во магацинскиот простор и брзо се проширил во производствените хали со редни броеви 6, 7 и 8, каде што биле складирани суровини …
Continue Reading