(Фото) Голем број учесници на обуката за поддршка на идните претприемачи во Аеродром
Денеска во Општина Аеродром започна спроведувањето на обуката од мерката „Поддршка за самовработување – Претприемништво“, која Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА ја спроведува во соработка со Агенцијата за вработување. На почетокот од обуката свои поздравни обраќања пред учесниците имаа градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенцијата за …
Continue Reading
Јавен повик за аплицирање на предлог активности од здруженија и фондации од општина Штип за програмата за еднакви можности за 2027 година
⇓ Јавен повик за аплицирање на предлог активности од здруженија и фондации од општина Штип за програмата за еднакви можности за 2027 година
Continue Reading
Без вода дел од општина Гази Баба
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 мм. на улица Ордан Пиперката 28, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици Ордан Пиперката и дел од Жан Жорес. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Continue Reading
Без струја денеска дел од општина Петровец
Поарди планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, денеска без напојување со електрична енергија ќе бидат: – поради пуштање нова ТС на Топбилд-Ќојлија без напојување ќе останат и Suport Solution-Ќојлија од 08.00 до 15.00 часот, општина Петровец.
Continue Reading
Кобила се ождребила на улица во Скопје, градоначалникот вели животните се згрижени во Зоолошката
Кобилата која се ождребила на улица во скопски Карпош и нејзиното ждребе се згрижени и сместени во карантин во скопската Зоолошка градина, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Утрово нѐ затекна веста за кобила која се ождреби на улица во Скопје. Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. Но, кога тоа се случува на асфалт, во несоодветни услови и …
Continue Reading
Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата, од почетокот на својот мандат, обезбедила околу половина милијарда евра за проекти на локалната самоуправа и општините, оценувајќи дека станува збор за сериозна поддршка и политика на Владата од самиот почеток. Мицкоски, кој денеска изврши увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“, посочи дека Владата, општините и локалната самоуправа ги поддржува …
Continue Reading
„Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“: Настан за миленичињата и бездомните животни во Кисела Вода
Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје утре во паркот „Македонија“, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“, организираат настан посветен на миленичињата и бездомните животни. Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Програмата започнува во 11 часот, а паркот ќе биде претворен во интерактивна зона …
Continue Reading
Изгаснат пожарот во Бутел
Пожарот што избувнал на улица „Цетинска“ во скопската општина Бутел е локализиран и изгаснат, информира градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Toj рече дека пожарот бил ставен под контрола благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје. „Благодарност до пожарникарите за нивната професионалност“, напиша Костовски. Пожар во Бутел. Фото: Дарко Костовски – официјален профил на Фејсбук
Continue Reading
Кичевската болница доби нова опрема и кадар, Министерството работи на проектот за нов објект
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичево, каде заедно со директорката, Маја Цветаноска Трајковска и градоначалникот Александар Јовановски одржа прес-конференција за новата болница и за намената на постојниот објект. Овој настан е дел од работната посета на здравствените установи во југозападниот регион, која ги опфати и Специјалната болница за нефрологија и Општата болница во Струга. …
Continue Reading