Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново
По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ уште може да се забележи чадење од неколку места, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Пожарот избувна синоќа, а според првичните информации е подметнат. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека оваа депонија има ограда …
Continue Reading
Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина
Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради, како што наведуваат, загрозување на животната средина. Од Општината посочуваат дека во изминатите три дена самостојно собрале 24 тони комунален отпад (над 170 м³) од домаќинствата во Аеродром, работа која градското претпријатие не ја извршило. „Ова беше возможно само благодарение …
Continue Reading
За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија
Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални заболувања на дишните патишта по големиот пожар во складиштето за електроника. „Само во текот на вчерашниот ден биле прегледани над 100 лица на двата пункта во населбата, од кои осуммина се упатени на Клиниката за пулмологија поради хронични …
Continue Reading
НОВ АСФАЛТ НА „ДЕЈАН ВОЈВОДА“, „САТЕСКА“ И „ПЕТАР ПОП АРСОВ“
Со финансиска поддршка на Општина Охрид , денеска се асфалтираа околу 1 700 м2 од улица „Дејан Војвода“. Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“. Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина …
Continue Reading
Општина Гевгелија продолжува да биде локална самоуправа со висок индекс на активна транспарентност
И во 2025 година, Општина Гевгелија ја потврдува својата определба за отвореност и отчетност кон граѓаните, рангирајќи се високо на листата на институции со активна транспарентност. Според најновиот Извештај за индекс на активна транспарентност, кој произлегува од редовен мониторинг на институциите спроведен од страна на Центарот за граѓански комуникации, Гевгелија е рангирана на 20. место на национално ниво, со висока …
Continue Reading
Унапредување на условите во поликлиниката Шуто Оризари ќе биде еден од приоритетите во рамки на заложбите на Стратегијата за инклузија на Ромите, најави Алиу
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети поликлиниката Шуто Оризари, заедно со Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, Шабан Салиу. – Нашата заложба е достапна здравствена заштита за сите пациенти, а паралелно со тоа и унапредување на условите во јавните здравствени установи низ државата. Поликлиниката Шуто Оризари во следниот период ќе …
Continue Reading
Кандидатски листи за градоначалник и совет на о.Штип – Локални избори 2025
⇓ Кандидатска листа за избор на градоначалник на о.Штип – Локални избори 2025 ⇓ Кандидатска листа за избор на членови на совет на о.Штип – Локални избори 2025
Continue Reading
Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре
На Преспа и треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и од централната власт за да за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет, е заклучокот од денешната панел-дискусија „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен организирана по повод Меѓународниот ден за животна средина …
Continue Reading
Објавен огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани
Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во соработка со Одделението за јавни дејности во Општина Кочани го објави огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани. Право на учество во постапката за доделување на оваа награда имаа земјоделците жители на општина Кочани, чијшто имот се наоѓа на територијата на општина Кочани, и кои се регистрирани или евидентирани …
Continue Reading