Гевгелија со големи успеси на 54. државен натпревар за непрофесионален филм: Домот на култура „Македонија“ со „Лазаренки“ освои „Гран при“, а СОУ „Јосиф Јосифовски“ забележа повеќе високи награди

Филмската реконструкција „Лазаренки- реликвија на етничкиот предел Бојмија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и под покровителство на Општина Гевгелија, освои „Гран при“- главната награда на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија (ДФНФ 2025), кој се одржа од 17 до 18 октомври во кино-салата во Виница. Авторската екипа се закити и со специјална награда за камера, …

Continue Reading

(Видео) Лабудовиќ најави 𝟤𝟦/𝟩 обезбедување во сите училишта и градинки во Центар

„Безбедноста на децата мора да биде обврска на општината, а не трошок за родителите“, порача Мирослав Лабудовиќ кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар. Тој најави дека дел од неговата програма е воведување 24-часовно физичко обезбедување во сите училишта и градинки на територијата на Центар. „Не може родителите од свој џеб да плаќаат за нешто што е законска обврска …

Continue Reading

(Фото) Делегација од општина Илинден положи цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во населеното место Миладиновци се одржа пригоден настан со кој достоинствено беше одбележан овој значаен историски датум. Со положување свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер Васил Стојанов-Аџаларски, присутните изразија почит кон неговата херојска борба за слободна татковина, извести општина Илинден. Свежо цвеќе пред споменикот положија делегација од Општина Илинден предводена …

Continue Reading

26 октомври: Пијанистички концерт на Глигор Гелебешев

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 26 октомври (недела), со почеток во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, ќе се одржи пијанистички Концерт на познатиот македонски пијанист Глигор Гелебешев. Публиката ќе има можност да ужива во програма составена од дела на Александар Скрјабин и Сергеј Рахмањинов, меѓу кои „Соната бр. 3 oп. 23“, „Ноктурно …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Реконструкцијата на салата Работнички во завршна фаза

Градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“. При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени. Поставен e централен семафор, а целосно се завршени …

Continue Reading

Во чест на генијот од Гевгелија, проф. д-р Томе Манчев: Музичка вечер на спомен, љубов и вечно звучење

Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата 2025“, на 21 октомври, во салата на хотел „Аполонија“ во Гевгелија, беше одржан Концерт посветен на творештвото на еден од најзначајните македонски композитори и професори- проф. д-р Томе Манчев, роден токму во овој град. Настанот, исполнет со длабоки емоции и гордост, беше вистинска музичка ретроспектива на делото на човекот кој со …

Continue Reading

(Видео) Митески за алармантната состојба со отпадот: Кога безобразноста и дрскоста се присутни – мораме да вратиме со здрав разум!

„ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење на општините на територијата на Град Скопје. Истите, за таа работа се платени од граѓаните на Аеродром“, вели актуелниот градоначалник на Аеродром, Дејан Митески. „Во изминатиот период или повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите на територијата на општина …

Continue Reading

Герасимовски: Го враќаме чаламот на Работнички со документарен филм и нова сала

Синоќа, во хотел „Холидеј Ин“ се одржа премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб – „Работнички“. На премиерата присуствуваа градоначалникот Горан Герасимовски, кошаркарски легенди, членови на тимот на „Работнички“ и претставници од спортските федерации. Во своето излагање, градоначалникот Горан Герасимовски потенцираше дека филмот е потсетник на славните времиња на клубот, …

Continue Reading

Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека општината самоиницијативно се справува со зголемените количества отпад, иако надлежноста за комуналната чистота е на Град Скопје. „Сликата е жалосна во цело Скопје, но ние во Аеродром не чекаме – дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла,“ изјави Митески. Тој нагласи дека, пред да се воведат казни, неопходно …

Continue Reading