„Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“ – емотивна објава на Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“

Горан Тонев, гитарист на групата „ДНК“ и еден од преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес преку социјалните мрежи се потсети на трагичната ноќ од пред шест месеци, која, како што рече, на сите им ги променила животите. „Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како …

Continue Reading

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

Шест месеци по трагедијата во „Пулс“, тагата останува, болката не стивнува.   Прекинатата младост, изгубените животи, одземените ближни, ни создаваат уште поголема огорченост од системот кој со години дозволува корупцијата и криминалот да бидат посилни од законот и институциите.   Оваа трагедија е резултат на нефункционалност, неказнивост и небрежност. Граѓаните имаат право на безбедност, на одговорни институции и на еднаквост …

Continue Reading

Министерот Љутков и градоначалникот Сарамандов извршија увид во активностите за реконструкција и реставрација на Старата чаршија во Гевгелија

Во работна посета на општина Гевгелија, беше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, придружуван со тим од Завод за музеј- Струмица, кој со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, извршија увид во тековните градежни активности за реставрацијата на Старата чаршија во Гевгелија. Проектот вреден повеќе од 40 милиони денари, поддржан од Владата на Република Македонија и Министерството за култура …

Continue Reading

„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”. Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши …

Continue Reading

Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред …

Continue Reading

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево. Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, ги презентираа првичните …

Continue Reading

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу. „Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна …

Continue Reading

Герасимовски: Нови детски игралишта, зеленило и решавање на проблемот со паркирање на Водно

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот „Маалски муабети со Горан“, се сретна со жители на населбата Водно. Жителите се пожалија дека често се случува да пукне некоја водоводна цевка и да тече вода со денови, но никој не реагира. „И до нас стигаат поплаки во делот на водоводната мрежа која е под ингеренција на Град Скопје …

Continue Reading

Пожарот во Трубарево под контрола, се користи специјална пена да се доизгасне чадењето

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.

Continue Reading