Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп покриен шанк во паркот „Авионче“

Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk. Предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, лоциран во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче. Објектот располага со кафе-бар, кујна, тоалети, тераса и помошни простории и се …

Continue Reading

Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари, инвестираме во нова градинка во Центар

Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски. „Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски. Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на …

Continue Reading

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци, извести СВР Велес. – Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.

Continue Reading

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина …

Continue Reading

Ефикасноста на Систем 48 во Струмица: Транспарентност и решавање на проблемите на граѓаните

Почитувањето на принципот на транспарентност, значи обезбедување доволно податоци за граѓаните на општина Струмица, за директно и непосредно следење на работата и кавлитетот на секој сектор и служба на Општината. Следејќи го овој принцип „СИСТЕМ 48“ како јавно достапен сервис за сите граѓани на општина Струмица, а кој успешно функционира веќе 14 години, ја отсликува работата на поголем дел од …

Continue Reading

Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик

Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба. Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи …

Continue Reading

Струмица домаќин на меѓународен Божиќен шаховски турнир со рекорден број учесници

Струмица уште еднаш потврди дека е спортски град, а градоначалникот Петар Јанков и општина Струмица, пријатели и поддржувачи на сите спортисти и спортски клубови. Во организација на Шаховскиот клуб „Цареви кули“, а со поддршка на општина Струмица, во хотелот „Сириус“ се одржа меѓународен Божиќен шаховски турнир на кој учествуваа 106 шахисти кои се натпреваруваа во повеќе категории. Турнирот го отвори …

Continue Reading

Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање …

Continue Reading