7 ноември: Свечено откривање на спомен-обележјето на Илија Џаџев
Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и одбележувањето на Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, ќе се одржи свечено откривање на спомен-обележјето на Илија Џаџев, истакнат гевгелиски музичар, автор и долгогодишен професор по географија, кој оставил длабока трага во културниот и образовниот живот на градот. Џаџев со својата љубов кон музиката преку …
Continue Reading
Бојан Бојкоски нов претседател на Советот на Општина Битола
На денешната конститутивна седница беше усвоен новиот состав на Советот на Општина Битола. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Со седницата претседаваше највозрасниот член на Советот, Јагода Талевска од движењето ЗНАМ. На конститутивната седница присуствуваа и гости од збратимената општина Стари Град – Белград, Република Србија. Во своето обраќање пред новиот советнички состав, градоначалникот Тони Коњановски …
Continue Reading
Светлана Колариќ претседателка на Советот на Општина Кисела Вода
Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кисела Вода, на која беа верификувани мандатите на новоизбраните 27 советници. За претседателка на Советот е избрана Светлана Колариќ. Во своето обраќање, Колариќ истакна дека изборот ја обврзува уште посилно да работи во интерес на граѓаните и да го унапреди демократскиот дијалог во рамки на Советот. „За мене …
Continue Reading
Гевгелија низ песна, стих, игра и филмски репотражи- прекрасна поетско-музичка вечер „Пееме за Гевгелија“ за одбележување на Општинскиот празник
На 4 ноември 2025 година, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, се одржа поетско-музичката вечер „Пееме за Гевгелија“, со која започна културно-свеченото одбележување на Општинскиот празник – 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија. Настанот, во организација на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и во соработка со Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“- Гевгелија, кој е дел и …
Continue Reading
Соопштение за доделување на еднократна парична помош за корисници на правото на социјална сигурност за стари лица
Continue Reading
За 6 ноември на репертоар е и претставата „Разбуди се Тина“ на НУ Театар- Куманово како дел од седмоноемвриското празнично одбележување
За одбележување на Општинскиот празник- 7 Ноември, Ден на ослободувањето на Гевгелија и во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, на 6 ноември ќе гостува НУ Театар- Куманово со претставата „Разбуди се Тина“. Претставата ќе се одигра на сцената во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Организацијата е на ЈОУ Дом на култура …
Continue Reading
6 ноември: „Музичка разгледница“- Концерт на ООМУ „В. Карајанов“ за одбележување на 7 Ноември
Во рамки на програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и 5-дневите активности за чествување на Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, ООМУ „Васо Карајанов“ организира Концерт „Музичка разгледница“. Концертот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година, во Балетската сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот. Програмата ја отвора Андреа Узунова …
Continue Reading
Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и Среброва, споделени предлози и идеи за поквалитетен Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“. На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови паркинг-зони, …
Continue Reading
5 ноември: Годишна изложба на ДЛУГ по повод Општинскиот празник, 7 Ноември
Утрешната програма (5 ноември) од манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и дел од петдневните активности по повод Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, продолжува со традиционалната Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија (ДЛУГ). Изложбата ќе биде отворена во Уметничката галерија „Амам“, со почеток во 19:00 часот. Организатор е НУ Музеј- Гевгелија, …
Continue Reading