Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот

Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром. „Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, …

Continue Reading

11 ноември: Балетски концерт „Моќта на танцовата уметност“

Од ноемвриската програма за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на танцовата уметност ќе имаат можност да уживаат во Балетскиот концерт „Моќта на танцовата уметност“, што ќе се одржи на 11 ноември 2025 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија. Носител на проектот е ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ од Скопје, една од најреномираните уметнички …

Continue Reading

СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и …

Continue Reading

9 ноември: „Фолклорен ѓердан“- завршен настан од културно-свечената програма за 7 ноември

Во чест на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз- Тито“- Гевгелија, традиционално го организира настанот „Фолклорен ѓердан“, во соработка со Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, што ќе се одржи на 9 ноември 2025 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија. Настанот претставува спектакуларна фолклорна вечер што ја слави традицијата, историјата и …

Continue Reading

7 ноември: Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија и Концерт на Градскиот мешан хор „Гортинија“ по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија

Вечерва (7 ноември 2025 година), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата втора свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија. Свечената седница ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Во рамки на седницата, свое обраќање ќе има градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој ќе говори за значењето на овој историски датум …

Continue Reading

Традиционална честитка од дечињата во ЈОУДГ „Детска радост“ за Општинскиот празник – 7 Ноември

По повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, најмалите граѓани- дечињата со директорката на ЈОУДГ Детската градинка „Детска радост“- Гевгелија, Митра Митревска и своите воспитувачки беа во посета на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Дечињата, дел од традиционалната празнична честитка, со своите насмевки и песни го честитаа празникот на градот и на градоначалникот Сарамандов му подарија рачно изработена …

Continue Reading

Ристо Пенов ја отвори конститутивната седница на Советот на Град Скопје

Како највозрасен меѓу советниците во Советот на Град Скопје, поранешниот градоначалник на главниот град и член на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов ја имаше честа да претседава со првата седница на новиот состав. Со искуство, стабилност и визија, Пенов повторно ја потврди заложбата на ЛДП – Скопје да стане модерен, зелен и функционален град за сите, велат од партијата. „Нашите приоритети …

Continue Reading

„Разбуди се Тина“ ја разбуди Гевгелија да се смее

Во рамки на програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и свеченото одбележување на Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, на 6 ноември 2025 година, на сцената на Народниот театар- Гевгелија беше изведена комедијата „Разбуди се Тина“ на НУ Театар- Куманово. Публиката во голем број ја исполни салата, а вечерта беше исполнета со смеење, аплаузи и …

Continue Reading

Концерт „Музичка разгледница“- талентите од ООМУ „Васо Карајанов“ со блескави изведби во чест на Општинскиот празник

Во топлата атмосфера на Балетската сала на ООМУ „Васо Карајанов“, на 6 ноември 2025 година, љубителите на музиката уживаа во прекрасниот концерт „Музичка разгледница“, кој се одржа во рамки на програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и свеченото чествување на Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија. Концертот започна со пригоден збор на директорката на училиштето …

Continue Reading