Во Кучевишка Бара се гради нов спортско-рекреативен центар на 2000 метри квадратни
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населбата Кучевишка Бара. Комплексот ќе се простира на површина од 2000 метри квадратни и ќе вклучува фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец, нови клупи, парк и зелени површини. Од Општина Бутел порачаа дека општината се менува, а маалскиот …
Continue Reading
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Continue Reading
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска: · поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар) · поради промена на вентил …
Continue Reading
Градоначалникот на Општина Гази Баба се откажува од користењето на службено возило
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека се откажува од користењето на службено возило „Никогаш немам дозволено личните привилегии да бидат мотив или водилка во мојата работа. Поради тоа, сакам да ја информирам јавноста дека и во мојот втор мандат се откажувам од користењето на службено возило кое е предвидено за користење на градоначалникот, како и од средствата …
Continue Reading
Сомнеж за труење со храна: ученици од Скопје со стомачни болки, затворена кујната во училиштето
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на ООУ „Димо Хаџи Димов“. Надзорот следува по утринското известување дека поголем број ученици пријавиле стомачни болки. Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на евентуално …
Continue Reading
Час по локална самоуправа: Учениците од четврто одделение ја посетија Општина Гевгелија
Во рамките на наставната единица „Локална самоуправа“ по предметот „Историја и општество“, учениците од четврто одделение од основните и подрачните училишта во Општина Гевгелија, го посетија градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и непосредно се запознаа со работата на локалната самоуправа. На средбата, градоначалникот Сарамандов им објасни како функционира Општината, кои служби се вклучени во нејзината работа и како се …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“
Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало. Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор, велат од Општината. „Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на општина …
Continue Reading
Општина Гевгелија – Одбележување на Ноември, Месецот на машкото здравје: Видеокампања за подигање на свеста за машкото здравје 2025 година
Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, ја реализира видеокампањата посветена на подигање на свеста за машкото здравје, во рамките на одбележувањето на Ноември- Месецот на машкото здравје за 2025 година. Кампањата има за цел да ја информира јавноста за значењето на превентивните прегледи, раната дијагноза и здравите животни …
Continue Reading
Општина Бутел продолжува со асфалтирање на улиците во Визбегово
Општина Бутел информира дека продолжува со активностите за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово. „Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски“, велат од општината. Во тек е реконструкција и асфалтирање на вкупно 70 улици, со инвестиција од 150 милиони …
Continue Reading