8. седница на Советот на Општина Гевгелија закажана за 25 март
Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата редовна 8. седница. Седницата е закажана за 25 март 2026 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата е предвиден следниот дневен ред: 1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година, 2. Предлог-Одлука …
Continue Reading
СДСМ Кисела Вода: Се сечат повеќегодишни дрвја на улица Козјак, со цел ослободување простор за изградба на нов објект
Општинска Организација СДСМ Кисела Вода информира дека „во општина Кисела Вода, во Урбаната заедница Кисела Вода, во моментов се врши сеча на повеќегодишни дрвја на улица Козјак, со цел ослободување простор за изградба на нов објект“. „Во таа насока, јавно го поставуваме прашањето: дали за оваа интервенција постои валидно решение издадено од надлежните органи на општината, согласно Законот за урбано …
Continue Reading
Министерот Златко Перински во Гевгелија: работна средба со претставници на локалната самоуправа и увид во значајни инвестиции
Во работна посета на Општина Гевгелија, беше министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Во Народниот театар- Гевгелија, во присуство на министерот Перински, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и претседателката на Советот на Општина Гевгелија, Анета Стамкова, беше реализирана средба со претставници од локалната самоуправа и јавниот сектор. Имено, на средбата се разговараше за новиот Ресурсен центар и активностите што …
Continue Reading
Нов парк со детско катче се гради во Негорци
Во населеното место Негорци започна реализацијата на Проектот за изградба на нов модерен парк со детско катче, на површина од 2.000 м², при што градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во тековните подготвителни активности. Градоначалникот, по направениот увид, информираше дека во моментот се изведуваат градежни работи за поставување на подземна електроинсталација и хидрантска мрежа, кои претставуваат предуслов за …
Continue Reading
Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден
Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило превезуваше повредени до болниците во Скопје. Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, …
Continue Reading
Коњановски организираше ифтарска вечера: Сакаме да испратиме порака на заедништво
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на Советот, советници, како и соработници на Општина Битола од невладиниот и бизнис секторот. „Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, сакаме да …
Continue Reading
Крводарителска акција во просториите на Општина Прилеп и признанија за најхуманите прилепчани
Под слоганот „Дарувај крв, спаси живот“, во просториите на Општина Прилеп беше организирана крводарителска акција во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина. Крв даруваа над шеесетина граѓани од општина Прилеп кои се приклучија на оваа хумана акција. Акцијата имаше за цел да ја подигне свеста кај населението … The post Крводарителска акција …
Continue Reading
Голема пролетна акција за чистење во Скопје: Почна од Кисела Вода
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје почна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина. Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, …
Continue Reading
Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на увид: Реконструкцијата на месната заедница во Пинтија во завршна фаза
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на месната заедница во населбата Пинтија. Проектот веќе влегува во својата завршна фаза, а објектот кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик. -Месната заедница е првата и најважна алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. За жителите …
Continue Reading