ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
Со богата свечена приредба која се одржа доцна попладнево во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник. Пред бројните родители и гости свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков. -Имам исклучителна чест и привилегија, да Ви се обратам во името на Општина Охрид и во свое лично име, и да искажам неизмерна среќа што денес сум …
Continue Reading
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник. Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во …
Continue Reading
Негорци со фолклор се поклони на Игор Мицев: 4. Меморијален фестивал „Засекогаш со нас“
На 5 ноември 2025 година, магијата на македонската народна песна и игра оживеа во Младинскиот дом во Негорци, каде што се одржа 4. Меморијален фестивал „Засекогаш со нас“. Настанот го одбележа споменот на Игор Мицев, истакнат член на ЗКУД „Негорци“, чие име со години е поврзано со зачувувањето на локалниот фолклор. Фестивалот го организираше ЗКУД „Негорци“- Негорци, во спомен и …
Continue Reading
(Видео) Јакимовски: Презедов општина со 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход
Презедов општина со 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход, изјави ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовсски. „На оваа последна прес конференција како градоначалник на општина Карпош сакам да им ги соопштам следните информации на жителите на Општина Карпош: На 4 ноември, 2021 година, кога стапив на функкцијата од мојот претходник наследив: 330 милиони …
Continue Reading
Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот
Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром. „Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, …
Continue Reading
11 ноември: Балетски концерт „Моќта на танцовата уметност“
Од ноемвриската програма за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на танцовата уметност ќе имаат можност да уживаат во Балетскиот концерт „Моќта на танцовата уметност“, што ќе се одржи на 11 ноември 2025 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија. Носител на проектот е ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ од Скопје, една од најреномираните уметнички …
Continue Reading
СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и …
Continue Reading
9 ноември: „Фолклорен ѓердан“- завршен настан од културно-свечената програма за 7 ноември
Во чест на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз- Тито“- Гевгелија, традиционално го организира настанот „Фолклорен ѓердан“, во соработка со Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, што ќе се одржи на 9 ноември 2025 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија. Настанот претставува спектакуларна фолклорна вечер што ја слави традицијата, историјата и …
Continue Reading
7 ноември: Свечена седница на Советот на Општина Гевгелија и Концерт на Градскиот мешан хор „Гортинија“ по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија
Вечерва (7 ноември 2025 година), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата втора свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија. Свечената седница ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Во рамки на седницата, свое обраќање ќе има градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој ќе говори за значењето на овој историски датум …
Continue Reading