Утре без вода дел од Чаир

Утре без вода дел од Центар

Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар. „Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување …

Continue Reading

(Видео) Василичарски оган под вода во Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите. …

Continue Reading

Герасимовски: 15 милиони денари за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година „Во Буџетот за тековната година се обезбедени 15.000.000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, …

Continue Reading

Акција за чистење и уредување на трим-патеката во Кисела Вода

Во рамките на континуираните активности за одржување на јавните површини и унапредување на животната средина, Општина Кисела Вода од утрово спроведува обемна интервенција за чистење, кастрење, косење и подигнување на кабаст отпад долж трим-патеката, на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булевар Србија. За реализација на овие активности се ангажирани 30 сезонски работници. Со цел …

Continue Reading

На 108 години почина Рејчел Нахмијас, најстарата битолчанка која се спаси од Холокаустот

На 108-годишна возраст почина Рејчел Нахмијас, најстарата битолчанка и најстарата жива Еврејка по потекло од Битола, која го преживеа Холокаустот и до крајот на животот верно го чуваше споменот на битолските Евреи, јави битолската „Тера“. Рејчел Нахмијас е родена во 1917 година во Битола. Во 1943 година се спасила од депортација во нацистичките концентрациони логори, откако била сокриена во багажникот …

Continue Reading

Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево

Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна …

Continue Reading

Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а …

Continue Reading

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години. Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен …

Continue Reading

Темелно се реконструира месната заедница во Драчево

Започнати се градежните работи за темелна реконструкција на објектот на месната заедница во населба Драчево. Реконструкцијата опфаќа целосна санација на кровот и обнова на фасадата, што ќе придонесе за унапредување на енергетската ефикасност. Предвидена е комплетна замена на електричната инсталација, водоводната и канализационата мрежа, а греењето и ладењето во новиот објект ќе се одвива со инвертер сплит системи. Покрај надворешната …

Continue Reading