Со новиот систем за паркирање обезбедуваме поправедна распределба на јавниот простор во Центар, велат од ПОЦ

Во услови кога бројот на возила во општина Центар постојано расте, а јавниот простор останува ограничен, прашањето за фер распределба на паркинг местата станува едно од клучните урбани прашања за жителите. Токму затоа, со последните одлуки на Советот на општина Центар, се воспоставува нов систем на паркирање во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе можат …

Continue Reading

Oпштина Илинден објави повик за субвенции за инвертер клими или соларни панели

Општина Илинден, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, и оваа година продолжува со спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, со цел унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Со јавниот повик се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот клима уред …

Continue Reading

Охрид ЕКО 2026: Успешна регионална еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора. Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во …

Continue Reading

Поставени контејнери за кабаст отпад на повеќе локации во Општина Гази Баба

Во периодот од 18 до 24 мај на неколку локации на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад. Од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ информираат дека контејнери ќе бидат поставени на следните локации: 📌 Стајковци 📌 Црешево 📌 Смилковци 📌 Виниче 📌 Брњарци 📌 Булачани 📌 Раштак Јавното претпријатие апелира до граѓаните кабастиот …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Шуто Оризари и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Пелагонија, Брсјачка Буна, Демирхисарска, Индира Ганди 31, општина Шуто Оризари; · од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од улицата 4 и дел од улицата 8 во Горно Соње, општина Сопиште.

Continue Reading

Дел од Центар денеска без вода

РЦУК Скопје известува дека денеска поради дефект на шибер Ф-300 мм на улицата Никола Карев бб во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од:улиците Никола Карев, Мирче Ацев, дел од населбата Пролет, Центар за јавно здравје, ОУ „11 Октомври“ и детската градинка, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading

Црвена лента за пуштање во употреба на нов модерен затворен пазар во Виница

Граѓаните на Виница, од денеска, имаат нов, модерен, затворен пазар кој официјално беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. Костадиновски информираше дека пазарот се простира на површина од 1.810 квадратни метри, со дуќани за продажба на овошје, зеленчук, месо и месни производи, но и со …

Continue Reading

Малолетник од Штип возел скутер на едно тркало, МВР го идентификуваше

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот. -Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на …

Continue Reading

И Виница се пруклучува на маршот за загинатите во Пулс: Условна казна не е правда за 63 загубени животи

Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожарот во дивата дискотека загинаа 63 претежно млади, а повредени беа над 200 лица. Како што информираа од здружението на граѓани „16 март 2025“, собирот е предвиден од 16 часот и 45 минути на плоштадот …

Continue Reading