Мајкл и Кетрин прославуваат роденден на ист ден

Славниот холивудски пар Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се родени на ист ден, а единствената работа што ги дели е разликата од 25 години меѓу нив. Мајкл и Кетрин,  кои се во среќен брак повеќе од две децении, се подготвуваат за двојна прослава бидејќи и двајцата го одбележуваат својот роденден на 25 септември. Таблоидите потсетуваат дека денес, ѕвездата родена …

Continue Reading

Џорџ Клуни ја огласи на продажба куќата покрај езерото Комо

Џорџ Клуни го продава својот имот покрај езерото Комо за речиси 150 милиони долари (100 милиони евра). 62-годишниот актер ја купи вилата „Олеандра“ од 3.000 квадратни метри од производителите на кечап – семејството Хајнц за 12,5 милиони долари во 2002 година и, две години подоцна ја купи и соседната вила „Маргерита“ за 8,5 милиони – пред да ги поврзе имотите …

Continue Reading

Ашер ќе го води шоуто на полувремето на „Супербол 2024“

Добитникот на „Греми, Ашер, ќе го предводи настапот на полувремето на „Супербол“ во Лас Вегас, Невада, соопштија Националната фудбалска лига (NFL), „Епл мјузик“ и издавачката куќа „Рок нејшн“ во неделата. Финалето во американското рагби, 58. по ред, треба да се одржи на стадионот „Алиџант“ во Лас Вегас на 11 февруари 2024 година. Полувремето, исто како и натпреварот, е еден од …

Continue Reading

Софија Лорен доживеа несреќа во својот дом, закрепнува по успешната операција

Омилената италијанска актерка Софија Лорен утрото на 24 септември имала несакан инцидент во својот дом во Женева, каде живее со години. Прославената актерка, која го одбележа својот 89. роденден четири дена претходно, паднала и се здобила со повеќе скршеници на колкот. Таа била пренесена во болница каде, како што пренесуваат локалните медуми, ѝ биле констатирани неколку скршеници на колкот. Во …

Continue Reading

(Видео) Семејството на текстописецот на Let’s Get It On ја заврши судската битка против Ед Ширан

Наследниците на музичарот ко-автор на големиот хит на Марвин Геј, Let’s Get It On, се согласиле да ја отфрлат жалбата на пресудата на американската порота, која утврди дека песната Thinking Out Loud на британската поп-ѕвезда Ед Ширан не е плагијат на класикот на Геј. Во мај, судот во Њујорк пресуди дека Ширан не ја копирал песната на Геј кога ја …

Continue Reading

Холивудските сценаристи и студија повторно на средба среде штрајкот

Преговарачите на големите холивудски студија и на истакнати филмски и телевизиски писатели планираат повторно да се сретнат во петок (22 септември), се наведува во соопштението на Здружението на писатели на Америка (WGA). Двете страни во четвртокот преговараа повеќе од 10 часа, но не успеаја да постигнат договор за ставање крај на повеќемесечниот ќорсокак околу хонорарите и употребата на вештачка интелигенција, …

Continue Reading

Научници на симпозиум ќе дебатираат за влијанието на Тејлор Свифт

Австралија се подготвува да одржи меѓународна академска конференција за влијанието на Тејлор Свифт, објави Би-би-си. Настанот „Свифтпозиум“ ќе го истражи влијанието на мегаѕвездата врз сè, од музичката индустрија до поп-културата и економијата. Организаторите на тридневниот настан се надеваат дека ќе привлечат научници од целиот азиско-пацифички регион. Австралискиот универзитет во Мелбурн ќе биде домаќин на Swiftposium 2024 во февруари, истата недела …

Continue Reading

Мортон: Хари и Меган се одделија од кралското семејство поради оваа фотографија

Принцот Хари и Меган Маркл решија да се повлечат од своите кралски должности и да се преселат во САД откако Бакингемската палата објави фотографија од наследникот. „Њујорк пост“ пишува дека според авторот Ендрју Мортон, војводата и војвотката од Сасекс биле изненадени кога во 2020 година осамна фотографија од покојната кралица Елизабета Втора и нејзините наследници, сегашниот крал Чарлс, принцот Вилијам …

Continue Reading

(Видео) Де Ниро ќе ја репризира улогата на таксист – но во реклама за „Убер“

Роберт де Ниро наводно ќе го оживее својот лик од класикот „Таксист“ во нова рекламна кампања за „Убер“. Холивудскиот ветеран го глумеше проблематичниот таксист Тревис Бикл во крими-драмата на Мартин Скорсезе од 1976 година – улога што му донесе номинација за „Оскар“ за најдобар актер – а сега некои медиуми навестуваат дека тој повторно ќе застане зад воланот како заштитно …

Continue Reading