Намирници што се препорачуваат замрзнати
Има храна и намирници за коишто се верува дека се најмалку исто толку здрави кога се купуваат замрзнати, како и свежи, истакнува нутриционистката Ријанон Ламбер. Таа напоменува и дека намирниците ја задржуваат својата хранлива вредност и откако ќе минат одредено време во замрзнувач. – Замрзнатата храна, како што се овошјето, зеленчукот, рибата и месото, па дури и лебот, збогатен со …
Continue Reading
Необична птица по 400 години се врати во Словенија
Ибисот со грива се врати во Словенија. Станува збор за птица која исчезнала од тие области пред повеќе векови, поточно пред околу 400 години. Борис Арко од Постојна, Словенија, е тој кој на својот прозорец ја видел големата птица со долг клун и без пердуви на главата. – Долета првиот пат до мојата полица, а потоа остана таму половина час. …
Continue Reading
Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија
Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи си приредија луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија. Пејачката е во посета на Велика Британија во рамките на нејзината светска турнеја „Renaissance“. Според „Пејџ сикс“ (Page Six), кој се повикува на очевидци, парот вкусил „вкусно суфле“ во друштво на египетскиот …
Continue Reading
Решена една мистерија за меурчињата во „шампањското“
Според новото истражување, вкусниот начин на којшто меурчињата на „шампањското“ го скокоткаат јазикот, зависи од тоа колку „сапуница“ има во пијалакот. Кога се истураат во чаша, газираните пијалаци не се пенат на ист начин. Газираната вода на пр. создава „пукачки меурчиња“ коишто се шират низ површината на стаклото. Во пивото, меурчињата почнуваат во една линија, па се шират нанадвор, често …
Continue Reading
Откриени две досега непознати слики на Рембрант
Досега непознати два портрета на светски познатиот сликар Рембрант се откриени по 200 години, во приватна колекција на едно британско семејство. Според лондонската аукциска куќа „Кристи“, стручњаците наишле на сликите на холандскиот уметник при „рутинска проценка“ на сликарската колекција. – Не знаев што ќе најдам… Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не …
Continue Reading
Голем интерес за влезниците за ОИ во Париз
Втората фаза од продажбата на влезници за Олимписките игри 2024 во Париз предизвика голем интерес меѓу љубителите на спортот во Франција и ширум светот, соопштија организаторите, посочувајќи дека на лотаријата се пријавиле повеќе од четири милиони луѓе, а само во првите два дена биле продадени повеќе од еден милион билети. Втората фаза, во која во продажба беа пуштени поединечни влезници, …
Continue Reading
„Опен-АИ“ најави „Чет-ГПТ“ апликација за „Епл“ уредите со „ИОС“ оперативен систем
„Опен-АИ“ одлучи да им го олесни пристапот до „Чет-ГПТ“ на сопствениците на уредите на „Епл“ и најави лансирање апликација преку којашто вештачката интелигенција ќе може да се користи на многу поедноставен начин. Новата „Чет-ГПТ“ апликација ги има истите можности како и мрежната верзија и помага во зголемувањето на нејзината популарност. На апликацијата, корисниците ќе може да испраќаат гласовни барања преку …
Continue Reading
Фејсбук се извини за ненамерното „автоматско“ испраќање пријателства
Фејсбук се огласи за случајот од пред неколку дена кога илјадници корисници осознаа дека автоматски се испратиле барања за пријателство до случајни луѓе чии профили другите крисници ги прегледале. Утрово многу корисници добија известување од социјалната мрежа. „Прегледајте ги барањата за пријателство во дневникот на активности. Неодамна решивме проблем поради кој некои барања за пријателство беа испратени по грешка. Се …
Continue Reading
Дојче банк ќе им плати 75 милиони долари на жртвите на Епстин
Дојче банк се согласи да им плати 75 милиони долари на жртвите на сексуална злоупотреба во случаите поврзани со Џефри Епстин, во рамки на разврската на тужбата поднесена минатата година во њујоршката општина Менхетн. Во колективната тужба се тврди дека банката му помогнала на осрамотениот финансиер во олеснување на неговата секс-трговија со млади жени. Жртва идентификувана како „Џејн До“ ја …
Continue Reading