Шон Бејкер на Оскарите го достигна рекордот што го држеше Волт Дизни цели 70 години
Шон Бејкер освои четири златни статуетки на синоќешното доделување на Оскарите, израмнувајќи го рекордот кој 70 години го држеше Волт Дизни, едно од најголемите имиња во Холивуд. Со освојувањето на Оскарите за најдобар филм, најдобра режија, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио за филмот „Анора“, Шон Бејкер стана само втората личност што го направила тоа. За разлика од Дизни, Бејкер …
Continue Reading
Мик Џегер присуствуваше на Оскарите со 44 години помладата партнерка од него
Легендарниот фронтмен на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (81) и неговата долгогодишна партнерка Мелани Хемрик (37) ретко се појавуваат заедно во јавноста, но овој пат направија исклучок и присуствуваа на Оскарите. Држејќи се за рака, гордо се прошетаа по црвениот тепих, а според пишувањата на странските медиуми, тие цело време не се одвоиле еден од друг. Неговата 44 години помлада партнерка …
Continue Reading
(Фото) Актер снимен како гледа во мобилниот телефон на Оскарите, причината насмеа многумина
Иако оваа година не беше номиниран за ниту една награда, актерот Џеф Голдблум успеа да привлече внимание на Оскарите и да стане вирален со еден потег. Пред почетокот на гламурозната церемонија на доделувањето на Оскарите, 72-годишниот актер е снимен како прелистува низ својот телефон и веројатно имал добра причина за тоа. Имено, тој мораше да ги провери своите фотографии на …
Continue Reading
(Видео) Читач на усните открива што зборуваше Деми Мур кога и’ побегна Оскарот
Актерката Деми Мур, ѕвездата на хорор филмот „Супстанција“, беше една од фаворитките за освојување на Оскар за најдобра женска улога, но победата сепак ѝ побегна и статуетката отиде во рацете на 25-годишната Мајки Медисон за нејзината улога во филмот „Анора“. На социјалните мрежи вирално стана видеото од студената реакција на 62-годишната актерка. Читателот на усните Никола Хиклинг за „Дејли мејл“ …
Continue Reading
(Видео) Адриен Броди плукна гума за џвакање пред сите на Оскарите и ја фрли кон својата девојка
Адриен Броди го доби својот втор Оскар за најдобар актер благодарение на улогата во „Бруталист“ во режија на Брејди Корбет. Кога Броди се качи на сцената во театарот Долби во Холивуд, тој направи нешто необично – плукна гума за џвакање и ја фрли кон својата девојка Џорџина Чепмен пред да го започне својот говор. @news.com.au Adrien Brody threw his gum …
Continue Reading
ПРЕМИЕРА НА ОФИЦИЈАЛЕН ВИДЕО ЗАПИС ЗА “ПРАВДА”
– СУПЕРХИКС И 21ВЕК
Со големо задоволство ја најавуваме премиерата на официјалното музичко видео за синглот “Правда”, резултат на соработката меѓу Суперхикс и 21Век. Синглот “Правда” е дел од последниот албум на Суперхикс, “Сила и Нервоза”. Песната е создадена со заеднички напори на двата бенда, со текст од Борис Минов, додека музиката и аранжманот се дело на Суперхикс и 21Век. Продукцијата е реализирана во …
Continue Reading
(Видео) Морган Фримен одржа трогателен говор во чест на Џин Хекман на Оскарите
За време на доделувањето на Оскарите, Морган Фримен (87) му оддаде почит на Џин Хекман, кој пред неколку дена беше пронајден мртов со неговата сопруга Бетси Аракава во нивниот дом во Санта Фе. „Оваа недела нашата заедница загуби голем човек, а јас изгубив драг пријател, Џин Хекман. Имав задоволство да работам со него на два филма – Unforgiven и Under …
Continue Reading
(Видео) Хали Бери го бакна Адриен Броди пред сите и и се извини на неговата девојка: „Чекав 21 година“
Актерката Хали Бери му пријде на актерот Адриен Броди на црвениот тепих на Оскарите и страсно го бакна пред сите. Додека актерот му даваше интервју на водителот Марио Лопез, Бери му пријде и однапред и се извини на својата девојка Џорџина Чепмен. „Извини Џорџина, но морам да го направам ова“, рече таа, а потоа го бакна актерот во уста. Потоа …
Continue Reading
(Видео) Зое Салдања испиша историја на Оскарите, одржа емотивен говор
Актерката Зое Салдања влезе во историјата како првата Американка со доминиканско потекло која го освои престижниот Оскар, освојувајќи ја во категоријата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот „Емилија Перез“. На 97-то доделување на Оскарите, Салдања доби награда за нејзината улога во криминалниот мјузикл „Емилија Перез“, во кој ја игра адвокатката на водач на картел. Наградата им …
Continue Reading