Отворен филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори неофицијалната програма на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран. Како дел од првата фестивалска вечер, актерката Елена Трајковска имаше кратко едукативно шоу за децата за филмот како медиум, a најмалите уживаа и во детска анимирана фестивалска програма. Специјалната програма на „Преку езерото“ оваа …

Continue Reading

Интернационален етнографски филмски фестивал во Битола

Со проекција на словачко-шведскиот етнографски филм „Тапкање на црните чизми“, синоќа во Битола почна второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал што се одржува во рамки на фестивалот „Илинденски денови“. Годинава за учество на фестивалот во Битола конкурираа 200 етнографски филмови, но во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ ќе се емитуваат 21 филм од 19 држави во светот, истакна селекторот …

Continue Reading

Се снима филм за Снежана и седумте (политички коректни) „магични суштества“

Продукциската куќа „Дизни“ го снима новиот игран филм „Снежана“, што во кината треба да се прикажува следната 2024 година. Улогата на Снежана ѝ е доделена на Рејчел Зеглер, а „Злобната кралица“ ќе ја глуми Гал Гадот. Во другите улоги ќе се појават Ендрју Брнап, Кејти Хардвик, Миса Којде, Дажона Гифт, Дин Нолан, Џошмејн Џозеф и други. Режијата е на Марк …

Continue Reading

Со доделувањето на наградите и премиерата на „Бизнисот на задоволството“ затворен 22. „CINEDAYS“

Со проекцијата на филмот „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, синоќа заврши 22-от Меѓународен фестивал на европски филм „CINEDAYS“. Под слоганот „Муви најт “ и годинава фестивалот обезбеди врвни филмски остварувања и македонски премиери, но со намален буџет и намалени простори за проекција на филмовите, но со посетеност од повеќе од 5000 вљубеници на европскиот филм. -Имавме уште едно …

Continue Reading

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски за крај на CINEDAYS

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во МКЦ парк во 21 часот, завршува 22-от CINEDAYS. -Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година, и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија, и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има …

Continue Reading

Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечер на „Синедејс“

Дебитантскиот краткометражен филм „Досие иднина“ во режија на Гоце Трајковски вечерва премиерно ќе биде прикажан на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематограф е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска. Во …

Continue Reading

Сара Климоска најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Сомбор

Со нова награда продолжува успешниот пат на „Кајмак“, најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. За улогата на Доста во „Кајмак“ Сара Климоска е прогласена за најдобра актерка во главната натпреварувачка програма на Филмскиот фестивал во Сомбор, Србија. Овој фестивал своето петто издание годинава го одржа под мотото „За оние кои доаѓаат“. Србија е една од земјите каде „Кајмак“ беше …

Continue Reading

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Филмот е во продукција на „Арт Проект Лаб“, кој се снимаше во јуни 2022 година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје. Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и …

Continue Reading

„Љубовната соба“ на Сузана Диневски во официјална селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал „Ischia“ во Италија

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е избран во официјалната селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржува од 9 до 16 јули 2023 година. „Љубовната соба“ на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кои главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се …

Continue Reading