Интернационален етнографски филмски фестивал во Битола

etno fest bitola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со проекција на словачко-шведскиот етнографски филм „Тапкање на црните чизми“, синоќа во Битола почна второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал што се одржува во рамки на фестивалот „Илинденски денови“.







Годинава за учество на фестивалот во Битола конкурираа 200 етнографски филмови, но во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ ќе се емитуваат 21 филм од 19 држави во светот, истакна селекторот на фестивалот Тони Гламчевски.

-Фестивалот и селекцијата претставува една оригинална рамка отворена кон пошироката битолска и македонска публика. Велат дека филмот претставува отворен прозорец кон светот, а со овој настан ние на фестивалот „Илинденски денови“ отвораме повеќе прозорци на сите страни во светот, кон различни култури и традиции. Изборот на филмовите создава една хемија која е специфична за фестивалот „Илинденски денови“ и тој е во духот на фестивалот. Филмовите сами по себе поставуваат бројни прашања за тоа како да се зачува културата, како да се воочи блискоста со природата, како се одвива борбата против асимилација на народите и како младата генерација, школувана, се враќа на своите корени и својата традиција, за што ќе биде емитуван етнографски филм од Шпанија, посочи селекторот Гламчевски.

Во малата кино сала на НУ Центар за култура-Битола, до 26 јули ќе бидат прикажани етнографски филмови од Индонезија, Мадагаскар, Мароко, Непал, Бразил, Мексико, САД….но и од Шпанија, Португалија, Србија, Бугарија и Северна Македонија, односно филмовите „Австралија, Австралија“, „Дае“ и „Лазаренки“.

-Генерално филмовите што ги емитуваме се со дозвола на меѓународниот филмски фестивал во Нанси, Франција. Некои од филмовите токму во Битола ќе имаат светска премиера, а дел веќе учествувале на фестивали за документарен филм низ светот. На овој начин и со оваа македонско-француска соработка, фестивалот „Илинденски денови“ се поставува на уште една светска мапа, нагласи селекторот Гламчевски.

Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ се одржува со поддршка на македонската Агенција за филм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK