17-годишник од Карбинци паднал од коњ, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од с.Почивало, општина Карбинци. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид.

Continue Reading

20-годишникот кој се удави вчера во Струга бил со педалинка во езерото – МВР со детали

Дваесетгодишниот С.С. починал во Медицинскиот центар во Струга, откако преходно бил изваден од водите на Охридското езеро на „Машката плажа“. Според информациите од полицијата, тој бил со педалинка во езерото. „Бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош,а во 16:05 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за …

Continue Reading

Пронајдено бебе оставено во парк во Шуто Оризари, полицијата го расчистува случајот

Седум до осум месеци старо бебе било пронајдено оставено на клупа во парк на подрачјето на Шуто Оризари, информираа од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 15 јуни во 19:30 часот во СВР Скопје од скопјанецот А.С., кој го забележал бебето и ја известил полицијата. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а екипа на Итна медицинска помош …

Continue Reading

Уапсен возачот кој на автопатот во изградба Охрид – Кичево со возило удри и тешко повреди работник од Кина

Вчера во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изграда Охрид – Кичево, кај село Оровник, општина Дебарца, 32-годишниот К.Ш. од село Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република Кина, со престој во село Извор, кој извршувал работни …

Continue Reading

Пронајдено тело на 20-годишно момче во Охридското Езеро

Тело на 20-годишно момче било пронајдено во водите на Охридското Езеро кај Машка плажа во Струга. Случајот бил пријавен во ОВР Струга, откако во езерото било забележано тело на младо машко лице. По преземените мерки, полицијата утврдила дека станува збор за С.С. (20) од струшкото село Октиси. Лекар од струшката болница констатирал смрт, при што не биле забележани траги на …

Continue Reading

Уапсена мајка во Тетово, го удирала своето тримесечно бебе во асфалт

Полицијата уапси 42-годишна жена во Тетово, откако очевидци пријавиле дека ја забележале како го удира своето тримесечно дете во асфалт. Вчера, во Тетово, полициски службеници ја уапсиле В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а подоцна во село Сараќино, тетовско, полициски службеници го лишиле од слобода и Б.С.(37) од истото село. Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено …

Continue Reading

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, извести МВР. „При контролата во Куманово изречени …

Continue Reading

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки …

Continue Reading

Ограбил обложувалница во Тетово, уапсен на аеродромот додека се обидувал да избега од државата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот. Според информациите од билтенот на МВР, инцидентот се случил на 8 јуни околу 2 часот по полноќ. Осомничениот влегол во обложувалницата и, заканувајќи му се на вработениот со остар предмет, одзел пари од касата и побегнал. Само неколку часа подоцна, околу 11:30 часот истиот ден, …

Continue Reading