Со автоматска пушка пукал кон семејна куќа во Тетово, оштетени и автомобил и фасада

Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото. При увидот биле констатирани оштетувања на металната дворна врата, фасадата на куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко возило „бмв“. Од местото биле подигнати шест проектили …

Continue Reading

Охриѓанец бил пуштен на викенд од затвор, па ја нападнал мајка му и фрлал предмети кон домот

Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. С.Ѓ. бил однесен во полициска станица, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен …

Continue Reading

Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во болница поради вдишување чад

Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од куќа и било оштетено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Со повреди поради вдишување чад се здобил М.Д.(41) од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување …

Continue Reading

Велешанец ја нападнал партнерката во домот и ѝ се заканувал со остар предмет

На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село во велешко, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 29-годишна вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а Х.К. бил задржан во полициска станица. За случајот бил известен јавен обвинител. По …

Continue Reading

38-годишен штипјанец пронајден починат во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во домот бил пронајден починат А.П.(38) од Штип. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

Пукале кон паркирано возило во Сарај, две лица биле во автомобилот

Неколку куршуми биле испукани кон паркирано возило во Сарај во кое во моментот се наоѓале две лица. Во инцидентот нема повредени. Според МВР, случајот бил пријавен денеска околу 4 часот во полицијата од Р.З. (25) од скопското село Глумово. Тој пријавил дека додека со негов другар биле во паркирано патничко возило во Сарај, до нив застанале две лица со мотоцикл. …

Continue Reading

Тетовец ја избркал сопругата од дома со трите малолетни деца, а потоа физички ја нападнал

Триесет и шестгодишен маж од тетовско е приведен откако неговата сопруга го пријавила дека ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа физички ја нападнал. Според МВР, вчера во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ф. (36) од тетовско, со престој во Тетово. Претходно, неговата 26-годишна сопруга пријавила дека …

Continue Reading

Тешко повредена патничка во автобус во сообраќајка во Аеродром

Шеесет и четиригодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил што вчера се случила во скопската општина Аеродром. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во полицијата во 13:40 часот, а се случила на крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со сервисна улица. Во несреќата учествувале автобус „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П. (47) од …

Continue Reading

Приведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје

Вчера, во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Љ.Љ., а сопатници биле 35-годишниот Е.Љ., 49-годишниот Л.З. и 58-годишниот Б.Љ., сите од село Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за …

Continue Reading