Осум лица уапсени во акција на полицијата, пронајдена дрога во Скопје и Тетово
Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) …
Continue Reading
На Клиника почина 16-годишно момче, му се слошило седејќи на гости
Тинејџер на 16 годишна возраст од скопското село Кондово починал откако му се слошило за време на посета на роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според објавата на МВР, дечкото заедно со неговата мајка кратко по пристигнувањето во Сингелиќ изгубил свест и бил пренесен на скопските клиники, каде кратко време по приемот починал. – На 25.07.2026 во …
Continue Reading
И се заканувал на 71-годишната мајка, па ја нападнал со остри предмети
Вчера во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска …
Continue Reading
Возач со германски мерцедес не застанал и удрил полицаец
На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од с.Стримница, тетовско. Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на …
Continue Reading
Американец најден починат во хотелска соба во Скопје
Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил најден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Continue Reading
Малолетник со убодна рана донесен во болница
Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се …
Continue Reading
Скопјанец ја следел и вознемирувал поранешната партнерка
Вчера во 14:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.С.(39) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна поранешна партнерка, дека подолг период ја следи и вознемирува, а на нејзиниот малолетен син упатувал пораки со навредлива и невистинита содржина, со што не ја почитувал одлуката од Основниот суд Скопје. По целосно документирање на …
Continue Reading
Во Куманово пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства. – По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе следува соодветна пријава – информира МВР.
Continue Reading
Лишен од слобода струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило
Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица …
Continue Reading