Нова сообраќајка во Скопје: на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ прегазена девојка
Денеска на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ е прегазена девојка. „Имаме пријава утрово за сообраќајка, удрен пешак. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски“, соопштија од МВР. Според очевидци се работи за девојче кое минувало на пешачки премин. Повеќе детали се најавени во текот на денот.
Continue Reading
Поради сообраќајка сообраќајот на експресниот пат Штип е во прекин
Поради сообраќајна незгода од 08:10 часот сообраќајот на експресниот пат Штип, после с.Лакавица е во прекин, соопштија од АМСМ. Како што додаваат од АМСМ, сообраќајот ќе се пренасочува по магистрален пат А4, Штип – Радовиш.
Continue Reading
Најмалку 50 загинати во пожар во дискотека во Кочани
Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе. Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во …
Continue Reading
Итна интервенција во Мавровско Езеро: две лица се држат за превртен чамец, струја ги носи кон хидроцентралата
Преку единствен број за итни повици 112 во 12.37 часот на ден 15.03.2025 година од страна од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро. Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Од наша страна веднаш е стапено во контакт со …
Continue Reading
Итна интервенција во Мавровско Езеро: две лица се држат за превртен чамец, струја ги носи кон хидроцентралата
Преку единствен број за итни повици 112 во 12.37 часот на ден 15.03.2025 година од страна од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро. Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Од наша страна веднаш е стапено во контакт со …
Continue Reading
Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
На 14.03.2025 во 18.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје. …
Continue Reading
Приведено лице од Пробиштип поради управување возило под дејство на алкохол
Полицијата приведе 21-годишник од Пробиштип поради возење под дејство на алкохол. „Денеска (15.03.2025) во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип – Кочани, кај с.Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(21) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било …
Continue Reading
Беровец од погребално претпријатие пријавен дека во депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, МВР го расчистува случајот
Пред два дена во полицијата во Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општината како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово. „Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна …
Continue Reading
Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден
Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во моментов се реновираа, а при ископот најдени се коски, слични на човечки“, информираа од МВР. Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading