Скопјанец украл 10 илјади евра од менувачница, го искористил моментот кога вработениот кратко излегол
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, …
Continue Reading
Две лица пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. По претходен договор и заедно, тие на 17 март во возило фолксфаген голф со скопски регистарски ознаки …
Continue Reading
Претставувајќи се како полицаец со нож нападнал возач на обиколница, се бара притвор
Дваесетгодишник е осомничен дека завчера на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишникот за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а доставен …
Continue Reading
Возач тешко повреден откако со автомобил излета од пат
Денеска во 00.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило цитроен берлинго со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Continue Reading
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Карбинци
Вчера околу 13 часот во СВР Штип, било пријавено дека на пат во с.Карбинци, В.Н.(47) од с.Карбинци, општина Карбинци управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Continue Reading
Со едночасовен молк охриѓани оддадоа почит на настраданите во несреќата во Кочани
Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, денеска на пладне на Градскиот плоштад во Охрид се одржа 60-минутен молк во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Граѓани на Охрид на дождливо време одадоа почит на настраданите во кочанската трагедија, искажувајќи поддршка на нивните и на семејствата на сите повредени …
Continue Reading
Три артилериски гранати од Првата светска војна најдени на депонијата Мегленци
Во СВР Битола вчера во 10.39 часот И.Т.(38) од село Новаци, општина Новаци пријавил дека на депонија Мегленци биле пронајдени три артилериска гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна. Од МВР денеска соопштија дека артилериските гранати од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола биле безбедно подигнати.
Continue Reading
Уапсени се 17 лица кои пуштале музика во денови на жалост, меѓу нив и дете
Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп. Во Скопје …
Continue Reading
Возел низ Скопје со над 100 километри на час и без важечка возачка дозвола
Вчера во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка …
Continue Reading