Му барала 7. 000 евра: тетовчанка го уценувала поранешниот вонбрачен партнер
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Пријавената, изминатите три години го уценувала поранешниот вонбрачен партнер, барајќи му 7.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја извести неговата сопруга за нивната врска и за детето кое наводно било негово.
Continue Reading
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
Вчера, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес. …
Continue Reading
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
Во прилепското село Штавица е пронајдена граната од Првата светска војна. На 27.03.2025 во 13 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во прилепското село Штавица е пронајдена граната од Првата светска војна. Како што информира МВР, гранатата е безбедно подигната од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување.
Continue Reading
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
Вчера од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на подрачје на општина Бутел, по претходно обезбедени докази за недозволена трговија со наркотична дрога марихуана, преземени се истражни дејствија и извршени се претреси на дом и други простории кај лицата: И.Ј. (26), А.Ј. (21) и Д.Ѓ. (21) тројцата од Скопје. При претресите се пронајдени и обезбедени недозволени предмети по член …
Continue Reading
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
Денеска полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците. Снимка од настанот беше споделена и на …
Continue Reading
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените скопјани на возраст од 20, …
Continue Reading
Маж пронајден починат во возило на улица во Радишани
На 30.03.2025 во 16.24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост на правно лице, бил пронајден починат С.М.(71) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Continue Reading
Приведен малолетник, со мопед удрил во полицаец
Малолетник синоќа е лишен од слобода откако со мопед удрил полицаец. Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го стартувал мопедот и удрил во еден од нив. Притоа, повторно бил сопрен и при преглед во неговиот мопед била пронајдена и одземена зелена растителна материја.
Continue Reading
Кавадарчанец возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило
На 29.03.2025 во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци. Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од …
Continue Reading