Кривични против три лица од Струмица: грабнале 32-годишна жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по …

Continue Reading

Го тепал и бркал од дома: скопјанец осомничен за насилство врз сопственото дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син, роден 2010 година. Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што …

Continue Reading

Притвори по убиството во кривопаланечко: За да го ограбат соседот, го намамиле да излезе па го изболе со нож

Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од селото Луке, кривопаланечко, поради убиство. „На 24 март годинава во селото Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, …

Continue Reading

Тротинет удри во жена во Скопје, со тешки повреди заврши на Комплексот клиники

Тротинет управуван од 33-годишник (Е.Т.) удри во жена со иницијали Р.М.(73) – и двајцата од Скопје, објави МВР. Несреќата се случила вчера на булеварот Свети Климет Охридски. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид.

Continue Reading

Возел „ауди“ со 114 километри на час на место каде е дозволено 50 км на час: уапсен 18-годишен штипјанец

Вчера во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода 18-годишниот И.П. од Штип. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час. Против …

Continue Reading

Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила …

Continue Reading

Уапсени крадци од Битола и Прилеп, украденото вратено на сопствениците

Денеска во 03.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода С.А.(30) од Битола поради сомнение дека извршила кражба во казино на улицата „Широк Сокак” во Битола, при што одзела паричник со пари во различни апоени. На 07.04.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп затоа што на ул.„Драган …

Continue Reading

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински мост, патничко возило „ланд ровер” со тетовски регистерски таблици излетало од пат. СВР Тетово информира дека на лице место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово. Тој се здобил со тешки телесни повреди и на лице место им подлегнал на повредите, додека …

Continue Reading

Уапсен кумановец: му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта при контрола на патниот сообраќај

Вчера во 00.58 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, …

Continue Reading