62-годишен тетовец лишен од слобода поради сомнение за силување на дете под 15 години

62-годишен жител на тетовско село е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Од МВР информираат дека Р.Н. синоќа во 21:45 часот сам се пријавил во Полициската станица Тетово, откако претходно на социјалните мрежи било објавено видео поврзано со случајот. По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, …

Continue Reading

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром

Тринаесетгодишно момче завршило во болница со повреди, откако било физички нападнато од родител на негов соученик во скопската општина Аеродром. Случајот во полиција бил пријавен вчера во 15:38 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што момчето било донесено со повреди. Според пријавеното, инцидентот се случил околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром. Тринаесетгодишникот, како што соопштуваат …

Continue Reading

Обвинителството бара притвор за инспекторка во Агенцијата за храна која побарала и примила поткуп од 250 евра

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека како инспекторка за храна побарала и примила поткуп од управител на правно лице. Според Обвинителството, осомничената во периодот од 17 до 25 септември, во својство на службено лице, побарала и примила 250 евра за да изготви записник во кој ќе констатира дека …

Continue Reading

Кривична пријава против двајца радовишани: произведувале и продавале мраз со ешерихија коли и колиформни бактерии

Мраз произведуван во нехигиенски услови и со бактерии од фекално потекло со години бил продаван во Радовиш. Полицијата поднесе кривична пријава против двајца 62-годишни радовишани поради постоење на основано сомневање дека извршиле продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“ по член 213 од Кривичниот законик. „Пријавените повеќе години наназад, како нерегистрирани производители на мраз, …

Continue Reading

Отворена истрага за 19 лица и четири фирми за шверц на цигари, го оштетиле Буџетот за 250 милиони денари

Обвинителството отвори истрага за шверц со цигари со што е направена штета на Буџетот од над 250 милиони денари. Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Царинската управа донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19 физички и четири правни …

Continue Reading

35-годишен маж починал на Клиника: бил донесен во бессознание

Во полициската станица Гази Баба вчера во 16:54 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен Ф.Р.(35) од Скопје, кој набргу починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јaвен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Continue Reading

Малолетници нападнале шест и пол годишно дете: го соблекле и го снимале во соблекувалната од спортска сала во Кочани

Вчера во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријавил дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете. Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за …

Continue Reading

14-годишник нападнат со нож од негов соученик во тоалетот од училиштето

Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот Ф.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик. При нападот му била нанесена расекотина во пределот на раката. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Со гранка од топола усмртен 77-годишен радовишанец

Вчера во 12:30 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Б.(73) од Радовиш. Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата. Од здобиените повреди …

Continue Reading