Штипјанка нашла рачна бомба додека го чистела станот на починатиот татко

Жителка на Штип при чистење на станот на својот починат татко вчера попладне пронашла рачна бомба и веднаш пријавила во полиција. На терен излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја отстранил бомбата. За инцидентот бил известен и јавен обвинител.

Continue Reading

Пукале со пиштол на семејна веселба во кичевско, повредено 16-годишно момче

Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село. Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле …

Continue Reading

Приведен кавадарчанец кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од …

Continue Reading

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера, околу 19:00 часот, во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш.А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откако влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми. Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска …

Continue Reading

Тројца повредени во сообраќајка меѓу три возила: едното влечело „пинцгауер“, сопственост на ДЗС

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од …

Continue Reading

Пожар во автобус на ЈСП: повредена жена што управувала со возилото

Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот. Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, …

Continue Reading

Едноипол годишно дете пронајдено во бесознание во базен во Прилепско

Синоќа околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете. Според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, тие го пронашле детето во базен во нивниот двор во безсознание. На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што …

Continue Reading

Уапсени мажи од Битола и Ресенско, возеле под дејство на алкохол

Денеска во 02.06 часот на улицата „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 67-годишниот П.Д. со престој во село Жабени, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили …

Continue Reading

За време на рочиште истепал адвокат: кривична против маж од Кичево

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 49-годишник И.Ф. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Тој, на 09.07.2025 година во 10.38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.

Continue Reading