Запленет кокаин при претрес во Кисела Вода
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога вчеравечер (05.08.) околу 22:30 часот, а по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода во кој што престојува лицето П.Ф. (20) од Скопје. При претресот се откриени и запленети …
Continue Reading
Возел со 155 километри на час, на место каде што дозволената брзина е 80: уапсен возач од Швајцарија
Вчера во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од Швајцарија. При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри …
Continue Reading
Предложен притвор за дилер на дрога во Битола
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. …
Continue Reading
Му се заканувале по неговиот и животот на фамилијата: двајца скопјани изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик. Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено …
Continue Reading
Внук ја натепал својата баба: семејно насилство во Скопје
Внук ја натепал својата баба во скопска Кисела Вода, соопшти полицијата. Имено, синоќа во 20:19 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека во 18:30 часот во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот внук Е.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека во друго скопско село, тој извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Continue Reading
Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја
Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството. Семејството се обидувало неколку …
Continue Reading
Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово
Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово. Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано …
Continue Reading
Тепачка во Психијатриската болница во Бардовци – едно лице усмртено со стаклено шише
Едно лице загина во тепачка што се случила во Психијатриската болница во Бардовци помеѓу двајца осуденици. Според информациите на МВР, синоќа во полиција е пријавено дека околу 00:50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопјe“ во Бардовци, во просторијата на судското одделение, се случила физичка пресметка помеѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, Скопско. Во …
Continue Reading