Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци: пронајдена дрога во возилото

Денеска(23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки. Кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја. Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Continue Reading

Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје. Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Тепачка на паркинг кај „Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа

Вчера и околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, тетовско, информира МВР. Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Четири тешки сообраќајни несреќи во земјава, тешко повредени повеќе лица

На 22 септември во земјава се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои тешко се повредиле повеќе лица, информира МВР. Скопје, ул. Александар Урдаревски Во 07:35 часот се судриле патничко возило „пежо 307“, управувано од М.К. (46) од с. Кучевиште, и мотоцикл управуван од А.К. (23), исто така од Кучевиште. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди …

Continue Reading

Претрес во Кисела Вода, пронајдена дрога, уапсен скопјанец

Денеска во 06:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Г.А. од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив се качиле на столб за мобилна телефонија

Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња. Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од …

Continue Reading

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што се случил на 21 септември во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“. Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со …

Continue Reading

Кривична пријава против директор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против Л.Р.(61) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според информациите на МВР, тој, во текот на 2024 година, во својство на директор на Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“, ПО Скопје, подружница „Стогово“- Дебар, објавил јавен повик за склучување на …

Continue Reading

Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на …

Continue Reading