Преку лажен профил испраќал закани кон градоначалникот на Неготино, неговото семејство, на новинар, МВР: кривична пријава за неготинец

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино. Тој се сомничи дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 и 5 и „изнуда“ во обид по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Имено, тој креирал лажен профил на социјална мрежа и …

Continue Reading

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки …

Continue Reading

Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид

Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид. Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. „П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот …

Continue Reading

Приведен возач од Пробиштип, возел со 185 км на час на место каде е дозволено 110 км на час

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е …

Continue Reading

Уапсен маж од Штипско за предизвикување пожар, запалил стари предмети пред куќата и не го изгаснал огнот

Вчера во 14:10 часот во село Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го уапсија М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во …

Continue Reading

Уапсена скопјанка која ја нападнала својата мајка, одреден ѝ е притвор

Полицијата уапси скопјанка која ја нападнала својата мајка во семејниот дом, а судот ѝ одреди притвор. „На 25.09.2025 Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 …

Continue Reading

Кривични пријави за поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица: им давале одмор и излези на осуденици без да ги исполнуваат условите

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба …

Continue Reading

Серија напади во Скопје: тепачки на автобуска и пред клиника, мајка нападната од ќерка

Вчера во Скопје се регистрирани неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир со физички пресметки и напади. Околу 18:10 часот на автобуска постојка во општина Аеродром, по претходна расправија, дошло до тепачка меѓу 35-годишниот Б.С. од Свети Николе и двајца скопјани – Н.Ц. (45) и О.Ц. (40). Во 10:50 часот, во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, …

Continue Reading

Пијан возач сакал да побегне, а потоа ја нападнал полицијата

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.06.2025 во Штип, пријавениот управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 0,84 промили алкохол во крвта, а по издадена наредба од полициски службеници за исклучување од сообраќајот, се …

Continue Reading