(Видео) Санкционирани двајцата скопјани кои управуваа возило по пешачка патека на кејот на Вардар

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на 08.10.2026 во кое се прикажани патнички возила како се движат по несодветна површина, односно по пешачка патеката во близина на кејот на реката Вардар, од страна на полициски службеници при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности при што констатирано е дека едното патничко возило „туран“ со скопски регистарски …

Continue Reading

Тепачка меѓу малолетници во скопски Карпош

Вчера во 11:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 03.10.2026 околу 18:30 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош, малолетник бил физички нападнат од пет малолетници, од кои двајца ги познавал. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопјанец пријавил разбојништво откако женско лице го нападнало и му одзело пари

Скопјанец пријавил разбојништво отако женско лице го нападнало и му одзело пари. Имено синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, И.М.(25) од Скопје пријавил дека околу 19:00 часот на кеј „Димитар Влахов“, едно женско лице со употреба на физичка сила му одзело пари, а потоа едно машко лице му се заканило со остар предмет. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки …

Continue Reading

Удирал по возилото и се обидел да ја отвори вратата: сообраќајна расправија во скопски Центар

Во СВР Скопје вчера во 10:30 часот Т.Д.(20) од Скопје пријавил дека на 06.10.2026 околу 17:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице агресивно се однесувало кон него. Лицето според пријавеното се обидело да му ја отвори вратата и удирало по неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

24-годишна скопјанка претепана од партнерот: ѝ нанел и расекотини

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена пријавила дека на 04.10.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Ј.. Тој според полицијата потоа со остар предмет ѝ нанел расекотини. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Continue Reading

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко: тројца уапсени

Вчера во 15:10 часот во село Теово, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес ги лишија од слобода Б.Н.(53) од село Лисиче, општина Чашка, С.К.(33) од село Горно Врановци, општина Чашка и 57-годишната Б.К. од Велес. При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно …

Continue Reading

Уапсен Австриец на „Табановце“: во неговото возило е пронајдено оружје

Вчера во 18.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 62-годишниот П.Р. од Австрија. При гранична контрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли. За …

Continue Reading

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на МВР, вчера Ш.С. пријавила во полиција дека на подрачјето на Шуто Оризари, нејзината 25-годишна ќерка била пресретната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К.(25), кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, по што физички и со тврд предмет ја нападнал, а …

Continue Reading

Тешко повреден возач на електричен тротинет во сообраќајка во Кавадарци

Маж од Кавадрци е тешко повреден во сообраќајка помеѓу автомобил и електричен тротинет. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на крстосница од ул.„Галичка“ и ул.„Ресавска“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(43) од Кавадарци и електричен тротинет, управуван од Н.Д.(51) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди …

Continue Reading