Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени. Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки …
Continue Reading
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати
Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. …
Continue Reading
Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. „Синоќа во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко …
Continue Reading
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете
Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи. Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому. Се преземаат мерки за …
Continue Reading
Ограбен автомобил на паркинг во Центар
Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје. Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. фото: илустрација
Continue Reading
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала
Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала. Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му …
Continue Reading
Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје
Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје. По пукањето, во дневната соба забележал дека било скршено стакло од прозор, имало оштетување во ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено …
Continue Reading
Кумановци физички нападнати додека делеле изборен материјал
Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавија дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со …
Continue Reading
Уапсен жител на Кичево, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода
Полицијата, синоќа во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, го уапсија М.Ц.(42) од Кичево, соопшти МВР. Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно …
Continue Reading