Загина 33-годишен маж: со мотоциклот излетал од патот во Струмичко
Ноќеска во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство …
Continue Reading
Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку Скај комуникација
Врз основа на доказите добиени преку Скај комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Во текот на утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено, соопшти обвинителството. Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, …
Continue Reading
Уапсен 17-годишен битолчанец: пронајдена дрога во неговиот дом
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 17-годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е
Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и …
Continue Reading
Приведен возач од Гевгелија оти возел со 99 км на час, а било дозволено 40
Вчера кај селото Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на …
Continue Reading
Кривична против лекар во Струшката болница: со истечена лиценца 4 години земал плата и додатоци
42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот К.С. од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој постапил спротивно на член 144-а од Законот за здравствена заштита на …
Continue Reading
Тешко повредени двајца мотоциклисти во две одделни сообраќани несреќи
Вчера околу 12.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Липково, на влез од паркинг простор на приватна фабрика, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(18) од село Липково, општина Липково и мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(36) од село Черкези, кумановско. Во …
Continue Reading
Целосно изгоре „голф“ во Скопје: од пожарот зафатени уште две возила
Денеска во 04.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Петар Ацев“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(43) од Скопје. Возилото е целосно изгорено, а зафатени биле и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ѓ.(51) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски …
Continue Reading
35-годишник однесен на Клиника: се повредил при извршување градежни работи во oсновно училиште во Гази Баба
Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13.30 часот при извршување градежни работи во oсновно училиште на подрачјето на Гази Баба во Скопје со повреди се здобил 35-годишниот И.И. од село Ореше, тетовско. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е …
Continue Reading