Приведен татко кој питачел со ќерка му во Дебар
Полицијата од ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.Р. од Скопје, поради запуштање и малтретирање дете. Инцидентот се случил на 10 јули околу 20:40 часот, кога при контрола на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полицајците го затекнале пријавениот како питачи со неговата петгодишна ќерка. По настанот, биле повикани претставници од Центарот за социјални работи во Дебар и адвокат за …
Continue Reading
Девојка со автомобил удри во велосипедист, паркирано возило и објект во Тетово, повредена е
Едно лице е тешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:10 часот на локалниот пат Тетово – село Требош. Според информациите од МВР, возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишна девојка од село Ратае, излетало од патот по што удрило во велосипедист од село Требош, потоа и во паркирано …
Continue Reading
Двајца мотоциклисти тешко повредени во сообраќајки во Велес и Охрид
Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во одделни сообраќајни несреќи кои се случиле во понеделникот во Велес и Охрид. Првата несреќа се случила околу 17:25 часот во Велес, на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Борис Трајковски“, кога патничко возило „мерцедес“, управувано од 60-годишен возач од Велес, удрило во мопед „томос“ со кој управувал 80-годишен мотоциклист, исто …
Continue Reading
Штипјанка нашла рачна бомба додека го чистела станот на починатиот татко
Жителка на Штип при чистење на станот на својот починат татко вчера попладне пронашла рачна бомба и веднаш пријавила во полиција. На терен излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја отстранил бомбата. За инцидентот бил известен и јавен обвинител.
Continue Reading
Пукале со пиштол на семејна веселба во кичевско, повредено 16-годишно момче
Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село. Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле …
Continue Reading
Приведен кавадарчанец кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од …
Continue Reading
Македонец почина на плажа во Драч
Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера, околу 19:00 часот, во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш.А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откако влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми. Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска …
Continue Reading
Тројца повредени во сообраќајка меѓу три возила: едното влечело „пинцгауер“, сопственост на ДЗС
Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од …
Continue Reading
Пожар во автобус на ЈСП: повредена жена што управувала со возилото
Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот. Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, …
Continue Reading