27-годишен гостиварец обвинет за објавување приватни фотографии и сексистички објави

МВР по неколкумесечна истрага откри и поднесе кривична пријава против 27-годишен маж од Гостивар, К.Н., кој на 28 февруари преку лажен профил на Инстаграм објавувал фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги прибавил без нивна согласност. Објавите биле придружени со текстови со навредлива, сексистичка содржина. Пријавениот признал дека ги злоупотребил личните податоци на девојките, а против него е поднесена …

Continue Reading

Го излажале дека ќе му транспортираат „мерцедес“ од Швајцарија: тетовец останал без пари и без возило

Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила Швајцарија во Македонија. Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира …

Continue Reading

Уапсен маж од Бразил на Табановце: внел благородни метали и накит од полускапоцени камења

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.Ф.(32) од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на против правно прибавени добра од привремена заштита, културно наследство и природни добра“. Имено на 10.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле контрола при што било констатирано дека пријавениот внел 961 природни реткости (минерали-камења, со различни …

Continue Reading

Загина 66-годишен маж од Богданци- со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен …

Continue Reading

Уапсени пијани возачи од Битола и Демир Хисар: едниот со возилото удрил во банкина

Вчера во 16:40 часот на експресниот пат Прилеп-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.П.(40) од Битола. Тој, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки удрил во банкина, а по извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,83 промили алкохол во крвта. Утрово во 00:12 часот на ул. „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници …

Continue Reading

Уапсен Британец на охридскиот аеродром: во неговата чанта пронајдени куршуми

Вчера во 09:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија. При гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени  три куршуми и четири чаури. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна …

Continue Reading

17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Извршен е …

Continue Reading

Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Мајка замавнала со ножот и го повредила синот: при семејна расправија во Дебар

Вчера во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар. Таа околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

Continue Reading