Го лажел дека е вработен во суд и дека ќе помогне синот да му биде ослободен од притвор: кривична за скопјанец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско. Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“. Имено, во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор. Откако изготвиле жалба кај адвокат …
Continue Reading
Мигрант од Кина загина кога „мерцедес“ со српски ознаки излета од патот Валандово – Дојран
Утрово околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е …
Continue Reading
Кривична против инвеститорот и четири лица од општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен куќата – музеј Владо Малески
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против В.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), сите од …
Continue Reading
Откриена група крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим и ги продавале на нелегален отпад
Вчера во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, …
Continue Reading
(Видео) Албанската полиција уапси 36-годишен македонски државјанин кој бил баран поради фалсификување пари
Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен државјанин на Македонија, по кој била распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз. Полицијата информира дека лицето Н.С. (36) било уапсено во Тирана во рамки на акцијата со кодно име „Операција 73“, со цел негова екстрадиција во Северна Македонија. Според извештаите, 36-годишниот бил баран и од ДВП Драч за кривично дело „кражба“. Во …
Continue Reading
Кавадарчанка реновирала дома и во подрумот пронашла 55 неексплодирани детонатори
Вчера во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви. Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Continue Reading
Вработен во јавно претпријатие се вработил со фалсификат диплома од средно училиште во Куманово
Вработен во јавно претпријатие во Куманово се вработил со фалсификат диплома од средно училиште. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште …
Continue Reading
Биле агресивни кон сопругите: два случаи на семејно насилство во Охрид
Синоќа во 21:30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Љ.Ѓ.(61) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се одбнесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 16:40 часот на ул.„АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.(39) од …
Continue Reading
16-годишник претепан од три лица во Охрид
Ноќеска (18.11.2025) во 00:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 17.11.2025 во 22:00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, три лица физички нападнале 16-годишник од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Continue Reading