Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди. Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во …
Continue Reading
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес. По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување …
Continue Reading
Пронајдено тело на жена во Вардар
Во полицијата, вчера било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на селото Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице. Телото било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Увид на местото извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Continue Reading
Во Скопје пријавено насилство: 14-годишник натепан и оставен во Сингелиќ, 16-годишната сестра однесена со возило
Педесет и едногодишна скопјанка пријавила дека на 30 ноември околу 17:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С. Според пријавата, В.С. во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со девојчето продолжил да се движи со автомобилот. Од МВР информираат дека се …
Continue Reading
Шестнаесетгодишник се шетал со пиштол низ Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. „На 6 септември полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми, калибар 7,65 мм, кои пријавениот неовластено ги поседувал и носел со себе“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Со закани кон вработената украл пари: разбојништво во обложувалница во Струга
Синоќа во 23:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 23:00 часот во спортска обложувалница во Струга, едно лице со закани кон вработената одзело пари од дневниот промет. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Continue Reading
Охриѓанка го натепала сопругот
Охриѓанка е пријавена во полиција поради семејно насилство, откако вчера попладне физички насрнала врз својот сопруг. Инцидентот се случил во нивниот заеднички семеен дом во Охрид. СВР Охрид работи на целосно документирање на случајот, по што против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна законска пријава. „На 29.11.2025 година во 16:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.Ц. од Охрид, во …
Continue Reading
Фатен шверцер на мигранти
Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Како што се посочува во информацијата од МВР, околу 2:10 часот на 30 ноември, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица …
Continue Reading